cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж...

clock-img

3.6.2016

“Кога ќе пораснам, ќе бидам маж”, рече гласно и насмевка го облеа твоето слатко лице. Јас те поскокоткав по стомакот, кој беше поскиен со маицата на Супермен. Да, реков обидевајќи се да се насмеам, кога ќе пораснеш ќе бидеш маж...

Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж...

 

Продолжив да се смеам, но одвнатре стивнав и се исполнив со мисли кои не можам да ги објаснам, со горчливи чувства кои останаа во мене.

Кога ќе станеш маж, овие мали прсти кои ги држат моите раце, ќе се слизнат. Нема повеќе да ја чувствувам твојата мека кожа на мојата дланка, кога одиме по патот, барајќи верверички, кои паметно се кријат од нас. Твојата рака ќе припаѓа на друга, која ќе бара силни, машки раце. И овие моменти  на тивката, доверлива врска меѓу нас, ќе исчезнат во твојот ум, но засекогаш ќе живеат во мојот.

Кога ќе станеш маж, веќе нема да бараш моја дозвола. Сите оние среќни реченици “Може ли мамо?” – и твоите очи кои светнуваат, обидувајќи се да ме убедат, со својата љубопитност и со својот оган, ќе бидат замолчени. Желните молби ќе бидат заменете со одлучност, како и на секој маж кој го гради својот пат. А јас ќе те гледам од маргините, како твој најголем обожавател.

Кога ќе станеш маж, нема да бараш од мене да те заспијам, сакајќи моето лице да биде последното нешто кое ќе го видиш пред спиење. Нема да ме молиш за уште еднаш да ја испееме “The wheels on the bus”, или да бараш последна прегратка пред да ги изгаснам светлата. Ќе имаш свој дом и ако имаш среќа, нечии очи ќе те гледаат заљубено пред да заспиеш. А јас никогаш нема да престанам да посакувам да ти испеам барем еден стих од твојата омилена приспивна, да чујам барем едно “Добра ноќ мамо”, пред да ги изгаснам светлата.

Кога ќе пораснеш и кога ќе станеш маж, нема да го влечкаш своето омилено кебенце и нема да ми дојдеш во скут велејќи “Мамо, ми се спие”. Нема да ми истрчаш во прегратка кога ќе влезам дома и нема да ми пишуваш “Те сакам” на мали искинати ливченца. Нема да се качиш на работната маса во кујна и гордо да кажеш дека си повисок од мене, а потоа да ме прегрнеш и да побараш од мене да те спуштам долу, вртејќи те во круг.

Не, кога ќе бидеш маж, ќе бидеш сериозен и одговорен и се друго што се очекува од возрасен човек.

Кога ќе пораснеш и кога ќе бидеш маж, ќе бидеш силен, духовит и љубезен. Се уште ќе пишуваш љубовни писма, исполнети со вистински реченици, наменети за љубовта на твојот живот. Се уште би можел да ја пееш “The wheels on the bus” на твоето дете, кое ќе бара уште една прегратка од тато, пред да се изгаснат светлата.

Кога ќе бидеш маж, ти се уште ќе бидеш мој син. Се уште ќе бидеш мојата среќа, мојата светлина, мојата прекрасна светлина. Но повеќе нема целосно да бидеш мој.

И така, гледајќи те со гордост како растеш, давам се од себе за да кажам “Да, кога ќе пораснеш ќе бидеш маж”.

Но не денес. Денес се уште си мое бебе. И те држам цврсто.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет