Кога помислувам на есен, мислам на костени
Кога помислувам на есен, мислам на печени костени, а вие? Не верувам дека постои некој што може да му одолее на мирисот на печени костени кој се шири по скопските улиците посебно кога се приближувате се поблиску до Градскиот Трговски Центар

Костенот е драгоцено суво овошје кое има двојна кора што го штити од пропаѓање. Костенот не е високо калоричен како останатото овошје, околу 100 грама костени имаат околу 200 калории, а преставуваат нутритивно високо вреден и заситен оброк, затоа убаво е да ги јадете на секаков начин без разлика дали се печени, варени или пак како пире со нискокалоричен шлаг.
Што e друго важно за костените, што треба да го знаете?
Тие се богати со скроб и поради тоа имаат голем енергетски капацитет и добро се варат во организмот. Можете да ги јадете и за време на диета, бидејќи полни се со протеини, железо и минерални соли. Костенот ни ја дава потребната цврстина на мускулите, ни го зајакнува имунитетот и е делотворен во борбата против анемијата. Со еден збор не подготвува за ладната зима.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)