cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кои се придобивките од “сончевиот” витамин?

За разлика од останатите витамини кои во организмот се внесуваат исклучиво преку храна, или додатоци на исхрана, витаминот Д може да се синтетизира во организмот, поточно во кожата, од еден облик на холестерол и тоа под влијание на сончевите зраци

Кои се придобивките од “сончевиот” витамин?

Иако физиолошката улога на витаминот Д е поврзана со одржување на мускулатурата и коските, биолошките својства на овој витамин се однесуваат и на имуниот, ендокриниот, кардиоваскуларниот и невролошкиот систем.

 

Основно и најдобро испитано подрачје на примената на витамин Д е потпорна терапија за остеопороза

Стручњаците кои се занимаваат со оваа тематика, најчесто препишуваат дневен внес од 800-1200 мг. калциум од храна и додатоци на прехрана, како и 800-1200 ij витамин Д за жени во постменопауза со остеопороза.

Многу епидемиолошки истражувања покажале корелација меѓу недостаток на витамин Д и зголемен број на заболени од дијабетес тип 1. Неговиот недостаток е поврзан и со зголемен број на заболени од дијабетес тип 2.

Треба да се има во предвид дека описот на индикации и подрачјето на примена  на сончевиот витамин се многу поопсежни од она што порано се мислеше, а новите истражувања и откритија се појавуваат скоро секој ден. Ова е само еден скромен увид во потенцијалот на најстариот витамин на планетата Земја, чии моќи допрва ќе ги запознаваме.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет