Колку често да ја перете постелнината?
За да се избегнат дел од причините за здравствените проблеми, постелнината треба да се пере еднаш неделно на препорачана температура, тврдат експертите
– Зависно од тоа за што и колку креветот се користи, како и колку сте чисти кога во него се легнува и дали носите пижами, вашиот кревет може да биде многу нечист и да му наштети и на телото, изјави Лајза Акерли, говорејќи за важноста на честото менување на постелнината
Како што маведува „Сан“, таа потсетува дека постелата е плодно тло за размножување на бактериите, особено поради влагата што се создава и пораде се што се случува во креветот. Покрај ова, просечна личност за неколку денови губи околу десет грама кожа, од која поголемиот дел го „остава“ во креветот.
– Во текот на сонот се потиме, а нашата кожа испушта маснотии и нечистотија. На чаршафите можат да се пронајдат траги од плунка, урина, генитални течности и фекална материи, истакнува Акерли.
– Ако постелата не се пере редовно, а лицето кое спие на неа има гребнатини или рани на кожата, тие можат да се инфицираат. Габичките на стапалата можат да се пренесат на други делови на телото преку чаршафите. Нередовното менување и на навлаките на перниците доведува нечистотијата да се абсорбира во душеците и перниците, што е многу потешко да се исчисти, додадва таа.
Препорака на Акерли е редовно бришење на прашината, наутро отворање прозорец и проветрување на постелата, а пред се таа да се пере еднаш неделно.