cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Комуникација со родителите на дете со ПП

Откако ќе се открие интелектуалната попреченост, треба родителите да бидат информирани, без одложување.

Комуникација со родителите на дете со ПП

 

 

Се препорачува во тоа време детето да биде присутно. Ако тоа не е возможно (на пр. детето е сместено во болница) лекарот е должен родителите веднаш да ги одведе кај него. Инаку родителите ќе се посомневаат дека нешто не е во ред со третманот. Кога лекарот е отсутен на подолго време, главната сестра е должна да им соопшти на родителите за наодите и третманот на детето.

 

•       Доволно време. Давање на совети и објаснувања на родителите треба да биде еден од основните задачи на лекарите. Дури кога нема новини да им соопшти, не смее да им создаде чувство дека нема време, туку треба да им даде можност да го прашуваат и мирно да им одговара.

 

•       Дискреција. При давањето на објаснувања на родителите, треба да се најде просторија каде нема да пречи персоналот или другите пациенти. Се препорачува во таа соба да нема телефон, за да родителите погрешно не се возбудуваат со неговото ѕвонење.

 

•       Двајца родители. Колку што е можно, сите податоци треба да се соопштуваат истовремено на двајцата родители. Со тоа ќе се олесни меѓусебната помош и ќе се избегне несогласувањето. Ако еден од родителите не е присутен, треба да се настојува тој некој друг да биде некој близок член од семејството. Постарите браќа и сестри можат да присуствуваат  во разговорот со лекарот и родителите, ако се сложуваат со тоа. Кај оние членови на семејството кај кои ќе забележи погрешни реакции, лекарот посебнио треба да биде внимателен и да им помогне во совладување на предрасудите.

 

•       Повторен контакт. Лекарите и останатите стручни лица треба секогаш по првиот разговор со родителите на детето со интелектуална попреченост да настојуваат да закажат и повторна средба, по можност најмногу за недела дена. Ако се работи за штотуку родено дете, се препорачува лекарот да контактира со родителите секој ден.

 

 

Извор: www.defektologija.org

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет