Коронавирус во вода – дали може да се заразиме?
Летето се ближи, па е разбирливо што многу родители се прашуваат како вирусот корона ќе се однесува во тој период. Американските стручњаци, според своите сознанија, говорат дали постои можност за пренесување на коронавирусот во базен, езеро, море...
Се уште не постои ниту еден доказ дека овој вирус може да се пренесува преку водата во базенот, езерото, морето или слично, според податоците на американскиот центар за превенција на болести.
Адекватната дезинфекција на водата, што опфаќа хлор и бром, би требало да го деактивира дејството на вирусот.
Да се престојува во близина на други луѓе покрај базенот е веќе друга грижа.
“Поголем проблем е делењето на иста соблекувална, а после тоа и често допирање на устата и носот”, истакна доктор Мајкл Ајсон, инфектолог од Чикаго.
Кога влегуваме во базен, или излегуваме од него, ние допираме различни површини. Заради тоа е важно да се измијат рацете, пред или после капење во базен.
Доколку базените воопшто се отворат, ќе мора да се почитуваат одредени мерки на внимание. Социјалната дистанца ќе не следи уште некое време како мерка на претпазливост.
Дали капењето во море и други природни води е безбедно?
Чарлс Герба, професор по микробиологија и имунологија на Уноверзитетот во Аризона, објасни дека вирусите генерално потешко преживуваат во солена вода. Истото се очекува и од коронавирусот.
Проблемот со водите кои не се дезинфицираат е тоа што заразената личност може да ви го пренесе вирусот доколку е блиску до вас – во вода. Заради тоа е важно додека пливате да се оддалечите од други луѓе и да држите дистанца.
Други експерти исто така истакнуваат дека ризикот да се заразите во голема вода е многу мал.
Да потсетиме – Не постои доказ дека вирусот корона се шири преку водата за пиење, отпадната вода и слично. Токму заради тоа, не се очекува овој вирус да се пренесува преку вода.
Следете ја Рингераја.мк на Инстаграм