Креативна сложувaлка со Четко!
ЗА ЗДРАВИ ЗАБИ И ДОБРИ НАВИКИ - Утре со почеток во 19 часот, во паркот на Езерата во населба Аеродром, дечињата ќе имаат можност да запловат во магичниот свет на фантазијата, и сите заедно ќе ги остварат своите креативни потенцијали
19.06.2015, Скопје. Утре со почеток во 19часот, во паркот на Езерата во населба Аеродром, дечињата ќе имаат можност да запловат во магичниот свет на фантазијата, и сите заедно ќе ги остварат своите креативни потенцијали.
За прв пат така масовно, во заедништво и за прв пат под отворено небо, дечињата ќе имаат можност да составуваат голема сложувалка. И тоа не било каква туку роденденска сложувалка.
Големи делови од сложувалка кои го содржат ликот на Четко, главниот јунак од кампањата „Патот до здрави заби“, ќе бидат главниот алат на малите креативци.
Сложувалката е подарок за Четко по повод неговиот роденден, а идејата за ваков подарок доаѓа од неговите здрави навики за редовно миење и четкање на запчињата, благодарение на кои има наредени и здрави заби. Четко како инспирација за младите одлучи оваа поучна порака да ја сподели со своите другарчиња. И затоа сега ги повикува сите дечиња што редовно ги мијат своите запчиња, да се дружат и забавуваат со Четко, да му помогнат да ја сложи сложувалката, а тој ќе им помогне да ги сложат запчињата во убава и здрава детска насмевка.
Дечињата што ќе учествуваат ќе треба што е можно побрзо да ја состават сложувалката, а Четко ќе биде тука за да им помогне и да ги бодри своите другарчиња. Сите учесници ќе добијат подароци.
Кампањата „Патот до здрави заби“ се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.
------
Кампањата „Патот до здрави заби“ е подржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.