cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

КРЕАТОР СИ ТИ

По повод 16 дена кампања насилство против жени и деца

КРЕАТОР СИ ТИ

Го знаеш ли чувството на жртва, а не си ?!

Го знаеш ли чувството на винa, а не си ?!

Го знаеш ли чувството на страв од неуспех ?!

Го знаеш ли чувството на тивок плач ко невино дете ?!

Го знаеш ли чувството на допирот валкан врз кревко тело ?!

Го знаеш ли чувството на немоќ и гласот на бес од вината во себе си ?!

Го знаеш ли чувството што те држи во грло и ти доаѓа да вриштиш и пиштиш, ама се сепнуваш ?!

Не! Не! Не го знаеш крикот во душата што ти го копа срцето, ти ја покрива душата и те фрла таму во бездна како веќе употребено и повеќе неупотребливо средство.

Не! Не! Не го знаеш гласот кога ти е сепнат од немоќта и не си свесна за оној другиот глас во себе си, оној храбриот што гласно и јасно ти говори за вредноста на твоето постоење.

Не! Не! Никој, ама баш никој не може да ти земе и скрши толку, колку што ти поседуваш во себе си.

Не! Не! Лага е дека твојата вредност е нула, одлична основа е за тоа дека ти си темелот за градење и надоградување на твоето битие.

Не! Не! Лага е дека не си доволно силна и не можеш, можеш да ги допреш врвовите, затоа што ти си креаторот на ТИ.

Ниту еден атом од себе си не е достоен за ниту тронка дамка и угнетување, твојата моќ за НЕ е исто толку моќна колку што е твојата нежност и маленкост.

Ниту една секунда не заслужува да дише и издише твојата душа близу оној чија душа ти ја трули, миксира и создава како сирова храна по свои вкусови и рецепти.

Избриши ги солзите и крени ја главата женo!  Биди горда на себе си така како што си создадена за тоа што си намерена. Ја имаш моќта,  онаа  моќ да го чуваш и негуваш своето малечко до последен здив. Со сите свои доблести и борби. Биди примерот за своето мало, за достоинство и почит. Научи го за тоа што е љубов и да ја прима вистинската љубов без притисок и очекувања.

Крени го гласот !

Не чувај го во себе си !

Гласот е да биде слушнат ! Глас за твоите мечти  и желби, за твоите достигнувања и сонувања. За твоите можности и вредности за создавање.

Само ти си креаторот на твоето ТИ!

 

29.11.2022

Марија Симоноска

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет