cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Крвна слика кај децата и нејзино значење

Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразитски заболувања, труење со отрови. На што треба да обрнете внимание?

Крвна слика кај децата и нејзино значење

Крвната слика ни дава податоци за вкупниот број и квалитет на крвните клетки и за нивниот однос. Крвната слика е една од основните лабораториски анализи кај децата и возрасните, а се толкува во согласност со анамнезата, клиничката слика на пациентот и други дијагностички наоди. Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекции (бактериски или вирусни), алергии, паразитски заболувања, труење со токсини...

Во крвната слика спаѓаат:

еритроцити – црвени крвни зрнца

MCH – просечна количина на хемоглобин во еритроцити

MCV – просечен волумен на еритроцити

MCHC – просечна концентрација на хемоглобин во крв

хемоглобин – крвен пигмент, носител на железо

хематокрит – однос меѓу цврстиот и течниот дел на крвта

леукоцити – бели крвни зрнца: сегментирани неутрофилни гранулоцити, сегментирани еозинофилни гранулоцити,

сегментирани базофилни гранулоцити, моноцити и лимфоцити,

тромбоцити – крвни плочки и

леукоцитарна формула – однос на поединечни врсти леукоцити.

Ако вкупниот број на леукоцити е зголемен во однос на референтните вредности за одредена возраст, бројот на сегментирани неурофилни гранулоцити над референтните вредности а бројот на лимфоцити е намален, јасно е дека е во прашање бактериска инфекција. Таквите состојби во главно се проследени со зголемена температура. Во тој случај се прави CRP – C реактивен протеин. Врз основа на CRP, може да се процени степенот на воспалителниот процес во организмот. CRP е тоа кое ни помага да го локализираме и следиме воспалителниот процес. Доколку се утврди дека детето има инфекција на горните респираторни патишта се прави брис на грлото и носот. За наодот од брис се чека 2-3 дена заради засејување на подлогата и изработка на антибиограм кој служи за да се пронајде адекватен антибиотик за пациентот. Се прави преглед на урината со седимент и уринокултура, па ако постои пораст на засеаните подлоги, се прави и антибиограм. Многу е важно детето пред земање на брис да не појадува и да не пие вода како и да не користело антибиотици пред тоа.

Доколку вкупниот број на леукоцити е намален или блиску до границата на референтна вредност, бројот на сегментирани гранулоцити намален, а на лимфоцити зголемен, се работи за вирусна инфекција. Доколку детето повраќа и има дијареа обично се во прашање рота и аденовируси кои се докажуваат со носење на столица на преглед.

Кај децата на возраст од околу една година присутна е физиолошка (нормална) анемија од поблаг или појак степен. Во тој период се случува замена на феталниот хемоглобин со адултет (возрасен, каков што останува во организмот цел живот). Родителите не би требало да се грижат заради оваа појава бидејќи е присутна кај сите деца а може значајно да се ублажи со добра исхрана (цвекло, пиперки, месо, овошје) и зелен зеленчук (спанаќ, блитва, грашок, зелена салата) и др.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет