cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Lacalut Kids: Како да се осигураат здрави заби?

clock-img

28.12.2017

Lacalut советува како да се осигураат здрави заби и добри навики за орална хигиена кај децата?

Lacalut Kids: Како да се осигураат здрави заби?

 

Формирањето на детските заби започнува уште пред раѓањето. Првото запче никнува околу шестиот месец, а сите дваесет млечни заби се изникнати до третата година. Периодот и редоследот на никнување можат да варираат. Трајните заби почнуваат да никнуваат околу шестата година.

Како да се осигураат здрави заби и добри навики за орална хигиена кај децата?

  • Редовно чистење на гингивата и првите заби кај бебињата треба да го прави мајката, од самиот почеток до третата година
  • Пиењето млеко и сокови со цуцла што порано да се замени со пиење од чаша (заради пократко задржување на течност во устата)
  • Да се ограничи внесот на шеќери, односно да се воведе здрав избор на меѓуоброци
  • Создавање навика за редовно четкање на забите
  • Забите да се мијат барем два пати дневно (наутро и пред спиење), а најдобро по секој оброк , по две минути
  • Да се вклучи целото семејство во создавањето секојдневни здрави навики
  • Низ игра да се намали стравот од стоматолог
  • Мамо и тато, помогнете ми да ги измијам забите!

Техника за миење заби

1. Да се пронајде најдобрата положба за мало дете.

2. При изборот на паста за заби, потребно е пастата да има концентрација на флуориди  соодветна на возраста на детето,пријатен мирис и вкус.

3. Да се употреби мека четка со соодветна големина.

4. Млечните заби во фаза на никнување, односно непцата на бебето, доволно е да ги исчистите со меко влажно крпче по хранењето.

5. Правилна техника на четкање

Горните заби треба да се четкаат од горе надолу, а долните од долу нагоре. Задолжително се четкаат надворешните површини (оние кои се во допир со усните и образите), внатрешните (оние кои се свртени кон јазикот) како и површините за џвакање.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет