Мајски новости
Ете што се случува во мај! :)

Со развеано цветно знаме мај не поздравува.
Еве за какви новости тој денес ни јавува:
Секое дрвце во шумата веќе се раззелени,
нови рожби добија птиците доселени.
Но и домородните, што се со нас секоја зима
и тие полни гнезда имаат.
Затоа сите се весели, радосни, распеани
и бачилата се полни со јагниња разблеани...
Видете ги овоштарниците колку се свечени
јаболките, крушите и сливите во нив,
во бели фустанчиња се облечени.
Рој пчелки и пеперутки везден ги надлетуваат,
од цвет на цвет слетуваат и опрашуваат.
само на црешите, овие најранките
со обетки црни и бели им се накитени гранките.
Врапчињата во јата ги посетуваат,
а потоа и разџагорени деца навалуваат.
И во полето се е зелено,
насекаде бујат посевите
како црвени знаменца се веат булките
сред младите жита и тревите.
На шарен цветен килим личат и ливадите.
Природата е вистински празник за очи
за старите и младите.