Мама и јас вежбаме
Инспирација... кој ако не бебушите
Денес покрај менувањето на пелени и смирување на плачењето на бебето, мајките многу тешко можат да одделат време за себе како би можеле да отидат до некој фитнес центар.
Како и да е, доколку имате неколку секунди „вишок" би ви препорачале да го пробате екстра брзиот тренинг на Lilly Anne. Овој идеален „мама и јас тренинг " трае 90 секунди, а е дизајниран од Michael Stansbury. Истиот е базиран на движењата на неговата ќеркичка Lilly Anne.
Можеби овој тренинг нема да ви помогне да ја вратите формата од порано, меѓутоа сигурно убаво ќе се забавувате и насмеете.