Кои се новите машини за перење алишта со вештачка интелигенција кои заштедуваат вода, струја, детергент и ослободуваат помалку микропластика?
Вештачката интелигенција допре до домашните апарати и ги направи партнери во секојдневното одржување на домот. Со интелигентни и персонализирани функции, беспрекорна ефикасност и приспособлив дизајн, домашните апарати ги менуваат претходните навики
Samsung Electronics неодамна лансираше два нови модели на машини за перење со револуционерна технологија, интелигентни функции, иновативен дизајн и неверојатна ефикасност.
Техологии чии алгоритми ги анализираат ткаенините
Моделите на новите машини за перење Samsung WW8400 и WW7400 перат повеќе алишта додека заштедуваат струја до А-40%. Технологијата за вештачка интелигенција придонесува за подобрување на перформансите на перење, за скратување на времето потребно за овој процес, и притоа заштедувајќи вода и енергија.
Револуционерните технологии AI Ecobubble™ и AI Wash, користејќи паметни алгоритми ја анализираат секоја ткаенина и го прилагодуваат циклусот на перење за да го постигнат најдобриот резултат со минимална потрошувачка на енергија и вода. Без разлика дали перете нежни ткаенини или тешки материјали, овие паметни машини за перење ќе се прилагодат на вашите потреби и ќе дадат извонредни резултати секој пат.
На овој начин алиштата темелно се перат во ладна вода, намалувајќи ја потрошувачката на енергија и до 70% во споредба со перењето во топла вода. Исто така, бојата и текстурата на облеката се штитат до 45,5% вклучително и подобрената нега на ткаенината.
Детергент, омекнувач, вода и струја – само колку што е потребно
Вештачката интелигенција собира информации за време на перењето кои ги анализира и ги користи за време на следните перења. Па така, интелигентно дозира соодветна количина на вода и детергент, го прилагодува времето на потопување, плакнење и центрифугирање за најдобри можни резултати, додека AI Wash ја подобрува ефикасноста на перењето и го намалува отпадот.
Со AI Energy Mode во апликацијата SmartThings Energy, следењето на потрошувачката на енергија дополнително e зајакнато. Корисниците можат да го следат дневното, неделното и месечното користење на енергија, при што функцијата се користи дури и за проценка на домашните месечни сметки за електрична енергија.
Технологијата Space Max овозможува максимално искористување на просторот во машината, што е идеално за големи семејства и перење големи количини алишта во еден циклус, при што се значително се заштедува време и енергија.
Кои се најзначајните новитети кај овие машини?
Напојувано од вештачката интелигенција, перењето со овие машини е лесно и ефикасно, бидејќи ги „паметат“ навики, предлагаат соодветна програма за перење и навреме ги прикажуваат потребните информации. Апликацијата SmartThings исто така обезбедува совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. Но, тоа не е се, бидејќи новите машини за перење Samsung WM8400 и WM7400 донесуваат и три значајни новитети: намалување на празнењето на микропластиката, леснотија на користење и скратување на времето на перење. Еве како:
Циклусот Microfiber™ е создаден така што облеката ослободува помалку микропластика која завршува во отпадна вода. Со прилагодување на брзината на моторот и интензитетот на перење, овој циклус ја намалува количината на микровлакна што се ослободува во одводот до 54%.
Скенирање на детергент и скенирање на етикети за нега со SmartThings Clothing Care новите функции за лесно користење на машината за перење. Detergent Scan овозможува скенирање на детергентот или омекнувачот во апликацијата SmartThings, а информациите се испраќаат до машината за перење за да се додаде соодветна количина прашок или омекнувач.
Со функцијата Super Speed циклусите може да се завршат за само 39 минути. Ова кратко време на перење е овозможено со технологијата QuickDrive™, која динамично ја движи облеката. Времето на перење се скратува и со користење на функцијата Speed Spray, која брзо ги отстранува остатоците од детергентот со моќен млаз вода. Машината за перење ја зголемува и брзината на центрифугирање во зависност од количината на алишта за брзо сушење на алиштата.
Промотивна понуда за одбрани машини за перење и други апарати за домаќинството
Samsung за своите верни потрошувачи ја продолжи гаранцијата на одредени машини за перење и сушење алишта, како и за други апарати за домаќинство од 2 години на 5, вклучувајќи тука дополнителни 3 години комерцијална продолжена гаранција. Повеќе за оваа понуда и за тоа кои производи ги опфаќа, прочитајте тука.
Повеќе информации за машините за перење алишта во овој текст, прочитајте на следниве линкови: