Места во Македонија за одмор со деца: Бабино
Сте слушнале ли за село Бабино?
Најеколошката територија, недопрена природа, извори со чиста вода, воздух со сите мириси на природата, со идеална клима е права воздушна бања.
Во пазувите на Плакенска планина на само неколку км од Демир Хисар, се протега туристичко- рекреативниот центар Бабино, кој покрај со својот природен зелен рај ова село надалеку е веќе познато и по најмалата библиотека не само во Македонија, туку и во светот, позната како „Ал-Би“. Според некои показатели, Бабино годишно го посетуваат околу 25.000 туристи.,привлечени од природните убавини на селото, а голем дел доаѓаат и поради библиотеката.
Во Бабино, има ресторан со животни, каде децата сигурно ќе уживаат.