Милена Станковска - Бирајте здрави производи за децата
Милена Станковска - Секогаш бирајте здрави и проверени производи за вашите најмили, особено во првата година од животот на детето
Мал милион прашалници како огромен облак надвиснуваат, правејќи стрес и уште поголеми прашања.
Едно од оние кои ги мачат новите мајки секако е моментот на исхрана. Уште на самиот почеток? Ќе биде ли доволно мајчиното млеко? Колку е здрава формулата доколку е потребна дохрана? Кога да внесеме цврста храна? Домашно подготвена или купена? И дали воопшто се доволни 24 часа за сè?
Милена Станковска е позната македонска ТВ водителка и инфлуенсерка и од неодамна мајка на две деца. Лана Марија има 4 години, а Јоана 6 месеци. За тоа како успева да балансира меѓу бескрајните обврски дома, и како доаѓа да одговорот на прашањата околу исхраната на најмилите кои несомнено сите мајки си ги поставуваат.
„ Станувам во 6:30, ја подготвувам Лана Марија за во градинка, потоа се буди Јоана и денот започнува. Додека е посвежо шетам со Јоана, потоа следи подготовка за првиот оброк и се што е потребно за едно шестмесечно бебе. Потоа доаѓа Лана Марија од градинка и попладнето го поминуваме во игри или разговор за тоа што научила во градинка, потоа се симнуваме пред зграда за да си игра со другарките. Секако наоѓам време колку што можам и за себе, да завршам некоја обврска, да се видам со другарките и слично. Не е лесно, но кога се сака сè се може. Најфокусирана периодов сум на децата затоа што сум и на породилно отсуство така што според нив ги прилагодувам останатите обврски,“ вели познатата тв водителка и инфлуенсерка Милена Станковска.
Динамиката на растот, развојот и особеностите на биолошката структура на детскиот организам, ја поставуваат неговата исхрана на централно место. Добра, здрава и балансирана исхрана подразбира употреба на биолошки вредни прехранбени производи кои можат да ги задоволат енергетските потреби и да обезбедат квалитативен и квантитативен внес на важни хранливи материи. Само на тој начин се обезбедува хармоничен раст и развој на децата и заштита од заболувања. Со немлечна исхрана се препорачува да се започне во периодот меѓу 4 и 6 месец (од 17 до 26 недела) согласно препораките од педијатарот. Немлечната исхрана ги опфаќа сите групи намирници освен мајчиното млеко и млечната формула и таа постепено се воведува во исхраната на доенчето. До крајот на првата година бебето треба и може да ги проба сите вкусови, а што повеќе храна ќе се внесе во првата година, подобро и поразновидно ќе јаде и подоцна во детството.
Но, со сите тековни обврски колку воопшто имаме време за бирање на свежи и органски производи, и колку сме сигурни дека се од контролирано потекло. Токму затоа, кашичките и пирето кои се купуваат се идеална храна за деца поради строго контролираниот квалитет и можноста да се користат и надвор од дома. Тие се одлично решение и кога сезонското овошје или зеленчук не се достапни или кога мама не може да постигне да подготви оброк. Тие ги содржат потребните витамини и минерали, железо, магнезиум, калциум и селен во вредности прилагодени за потребите на децата. Важно е храната да не содржи адитиви, конзерванси и ГМО и производството да се одвива во контролирана чиста средина. Важно е дека во кашичките што се купуваат не се додаваат шеќери, туку со самата технологија на производство се зачувува слаткоста на производот.
„ Сметам дека секоја мајка знае што е најдобро за своето дете. За жал се поретко има органски производи во пазарите и маркетите, а со Нутрино знаеме што користиме. Јас ги користам и производите на Нутрино и подготвувам домашна храна. Според мене тоа е најдобро за моите деца, Лана Марија ги обожава. Сите вкусови ги сака, а мислам и дека Јоана кога ќе почне да зборува ќе ми каже дека многу и се вкусни. Не можам да издвојам еден вкус, затоа што сите се вкусни, но еве ако морам да кажам барем еден што и јас лично го користам тоа е нутрино житната каша со какао,“ вели Милена.
Од неодамна на нашиот пазар е присутна потполно нова детска храна НУТРИНО која се произведува во Србија и целосно одговара на потребите на бебињата во одредена возраст и која претставува храна подготвена по највисоките Европски стандарди како што се „панели за чиста соба“ или поточно врвна превентива која се користи само во медицинската и фармацевтската индустрија. Научете го детето да јаде здрави и квалитетни оброци, богати со витамини и минерали, а вкусовите кои ќе ги засака ќе му помогнат на детето и подоцна да сака и да јаде здрава храна.