cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

На кафе кај Теа My gluten free corner

Целијакија или глутен сензитивна ентеропатија е трајна неподносливост на глутенот, белковина од пченицата, јачменот и ‘ржот. Единствен можен лек е строга безглутенска диета.Во спротивно, последиците се бројни

На кафе кај Теа My gluten free corner

 

И покрај што во последно време, меѓу трендовите се вработува и исхрана без глутен, сепак за некого тоа е неминовна потреба.

Еден таков пример е Теодора Павловска, на која уште во раното детство и е дијагностицирана целикакија. 

Нејзиниот блог My gluten free corner е доста популарен на Инстаграм и нуди изобилство од разновидни рецепти и совети. 

Моето име е Теодора Павловска, но сите што ме познаваат знаат дека сакам да ми се обраќаат со Теа.

Имам 26 години и сум од Битола. Желбата кон креирањето и фотографирањето на безглутенски и здрави рецепти ме поттикна да го направам мојот инстаграм профил @myglutenfreecorner - вели Теа за себе. 

Рингераја: Креаторка си на блогот my gluten free corner. Како што наведуваш во самиот опис на истиот, се храниш на овој начин поради целиjакија. Кажи ни како дојде до оваа дијагноза и што с? повлече таа со себе?

Теа: Дијагнозата за целијакија ја добив кога имав само 4 години и уште од првиот ден па и ден денес се соочувам со секојдневни предизвици. Со себе повлече многу работи како на пример: чувството на отфрленост и неприфатеност на било кој социјален настан, константно читање на декларации, константно обрнување на внимание не само на храната што ја јадам јас, туку и на храната што ја јадат другите околу мене ( во случај да дојде до крос-контаминација со мене.)

Рингераја: Кога сме кај блогот, од кога датира и која е наменета на истиот? 

Теа: Првиот рецепт на профилот е објавен на 13ти февруари 2021година. Првенствено причината поради која се одлучив за овај профил е тоа што се почесто и почесто почнав да експериментирам со нови рецепти кои што ми беше интересно да ги декорирам и сервирам на различни начини, сакав да ги сликам и чувам некаде тие слики, а тоа да не е само во мојата галерија во телефонот. Втора, а уште побитна причина е тоа што се почесто дознавав за луѓе од најразлични возрасти на кои им е потребна ваква исхрана, а ресурсите на македонски јазик за ова се премногу мали. И покрај тоа што на инстаграм има безброј профили со најразлични рецепти, до сега немаше ниту еден профил на македонски јазик баш со оваа тема, 100% безглутенски рецепти, па си помислив зошто јас да не бидам таа што ќе биде прва.

Рингераја: Каква е понудата на пазарот со продукти без глутен? 

Теа: За жал понудата на нашиот пазар за продукти без глутен е пре премала, за разлика од другите европски земји. А тоа е така поради тоа што свесноста за сериозноста на целијакијата како состојба, и ризиците и предизвиците за живеењето со неа кај нас е премногу мала, да не речам и дека не постои.

Рингераја: Од каде црпиш инспирација за рецептите? 

Теа: Инспирација црпам од секаде, најчесто од други креативни инстаграм профили, тикток и пинтерест, со тоа што морам да ги заменувам и комбинирам состојките кои тие ги користат со безглутенска опција.

Рингераја: Омилена храна? Омилен рецепт? 

Теа: Искрено не можам да се одлучам за еден па ќе ги кажам моите 3 омилени рецепти. Фалафел со наут во комбинација со печен помфрит и сос од грчки јогурт, лимон, сол. Како втор омилен рецепт, Пица од сладок компир и за трето, десертот, барчиња со путер од кикирики.

Рингераја: Беше ли девојче кое од мала уживаше во игри кои вклучуваат готвење или оваа страст ја откри подоцна во животот?

Теа: Да бидам искрена, не, никогаш како мала не сум сакала да играм игри со готвење или да барам да бидам вклучена во кујната, а тоа можеби е поради тоа што долго време додека да ми биде откриена целијакијата, константно имав болки и други дигестивни симптоми од било што и да јадев па долго време имав и некаков страв од храната. Страста за готвењето и експериментирањето со рецепти ми е нешто што го открив пред неколку години, кога почнав сама да истражувам на што се треба да внимавам, и почнав да испробувам најразлични брзи и здрави рецепти што ќе ги најдев низ инстаграм, секако со модификации за да бидат без глутен.

Рингераја: Социјалните мрежи се неизбежни во денешно време, корисни за - од основна комуникација, до водење бизнис. Какво е твоето мислење на оваа тема? Која е твојата "тајна" за успех на инстаграм, што би им препорачала на оние кои имаат некоја пасија и сакаат да се изразат на социјалните медиуми но се кочат, плашејќи се од неуспех? И за крај, твоја препорака за читателите.

Теа: Во светот, веќе одамна голем број од луѓето социјалните мрежи ги користат за најразлични бизниси, почнувајќи од рецепти, програми за вежбање, модни совети, бизниси со рачни изработки и слично. Кај нас сето ова е сеуште "нова тема", голем дел од луѓето на социјалните мрежи гледаат само како место за губење на време, но мило ми е што се почесто гледам нови едукативни и креативни профили на инстаграм. Не постои една конкретна "тајна" за успех на инстаграм, најважното е да бидете креативни, уникатни и целосно посветени кон вашата цел и содржината што сакате да ја пренесете.

Кога креирате содржина која што е вистински одраз на вас и вашата страст, тоа што ќе го прикажете ќе го привлече вниманието на вистинската публика.

"You never know where your passion may take you if you don't give it a chance!"

Теа, ти благодарам на издвоеното време. Разговорот со тебе беше вистинско уживање.

 

Рецептите се врвни и превкусни, топла препорака да ги пробате.

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет