Направете сами: Крем против стрии
Стриите се спомени од бременоста, кои секоја трудница сака да ги избегне. Испробавте се што е можно и пак се појавуваат? Скапите кремови не ви помагаат? На ред е природата. Овој рецепт делува!

Состојки:
- Шеа путер (супер храна за кожа, храни, влажни и регенерира)
- Какао путер (одлично ја хидрира кожата)
- Кокосово масло (ги обновува ткивата и ја омекнува кожата)
- Етерично масло од лаванда (со антивоспалителни својства, делува смирувачки)
- Масло од витамин Е
Подготовка:
Измешајте по две лажици шеа и какао путер и кокосово масло. Додадете 10 капки масло витамин Е. растопете ја смесата на пареа.
Тргнете ја од оган и додадете етерично масло од лаванда и добро измешајте.
Содржината ставете ја во тегличка, која претходно добро сте ја измиле и исушиле. Чувајте ја во фрижидер, за да има подолг рок на траење.
Редовно мачкајте ги местата на кои сакате да избегнете појава на стрии. Ако планирате редовно да го користите кремот за цело тело, ставете двојна количина од сите состојки.