Направете сами украс за коса
Убав украс во коса, може секоја комбинација да ја направи целосна. Венчињата, траките, турбаните во последниве години станаа апсолутен моден хит и нешто што секоја девојка мора да го има

Доколку сте љубител на креативни проекти останете тука, бидејќи во продолжение следи упатство за три додатоци за коса кои се лесни за правење, а изгледаат исто како да се купени од продавница.
Турбан за коса
Што ви е потребно:
- парче еластичен материјал
- игла, конец и ножици
Упатство – Измерете го обемот на вашата глава и парчето материјал исечете го во таа должина и ширина дупла од таа колкава сакате да биде турбанот (бидејќи материјалот ќе треба да го преклопите). Исечете уште едно помало парче материјал, кое ќе стои во средината на турбанот и ќе прави форма на машна. Преклопете го парчето материјал од обратната страна и зашијте ги рабовите. Превртете го и зашијте го уште еднаш по рабовите да формира прстен. Истата постапка повторете ја со големото парче материјал (сошијте ги рабовите од задната страна и превртете го материјалот). Потоа протнете го претходно направениот прстен низ материјалот. Зашијте ги краевите еден со друг и покријте го работ со прстенот. Дополнително можете да додадете уште еден ваков прстен на задниот дел од турбанот.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)