Народни ора
Орската традиција во Македонија е специфична според корегорафијата и ритмиката, а нејзиниот репретоар е разновиден.
Орската традиција во Македонија е специфична според корегорафијата и ритмиката, а нејзиниот репретоар е разновиден, именуван според местото каде се практикува (на пр. Драчевка, Малешевка, Охридско оро и сл.), според разните занаетчии од кои најпрво се практикувале (Калајџиско, Касапско, Овчарско), според лични имиња (Баба Ѓурѓа, Осман Паша), според најприсутниот инструмент кој придружува (Гајдарско), според карактерот на играњето (Тешкото, Ситната, Кривото), според составот на играчите (Машкото, Женското чамче), според одредени движења при работа (Жетварско, Косачка, Копачка), и особено според одредени обреди и празнувања ( Валигденско, Невестинско, Зетовско).
Ората се придружуват со инструменти од кои најприсутни се: гајдите, кавалите, зурлите, тапаните. Најмногу се играат за верските празници и за свадбите. Обично се изведуваат колективно за сите – на средсело, пред црква и сл., а на свадбите – пред куќите. Основната форма на орото е поврзување на играорците во низа (синџир), во отворен круг и најчесто со движење на десно, спротивно од движењето на стрелките на часовникот.
Македонските ора имаат најразлични движења на фигурите на играорците: вртежи со клекнувања, преплетување на нозете, нагласени и лизгави покрети, играње на колена и др. Ората најчесто имаат побрзи и поспори делови.