cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Неизлечената кламидија ги оштетува јајниците?!

Кламидијата е честа сексуално пренослива болест предизвикана од бактеријата Chlamydia trachomatis, која може да ги оштети репродуктивните органи на жената

Неизлечената кламидија ги оштетува јајниците?!

 

Иако симптомите на инфекција со кламидија се најчесто благи или отсутни, сепак може да доведат до сериозни компликации, кои предизвикуваат неповратно оштетување, вклучувајќи инфертилитет.

Кламидијата кај жените продира низ грлото на матката, а потоа  подлабоко во гениталниот систем се до јајниците. На јајниците предизвикува промени кои се најзначајни од аспект на неплодноста. Доведува до залепување на јајцеводите и со самото тоа – нивна непроодност. Со оглед на тоа што грлото на матката кај тинејџерките и малите девојчиња не е потполно зрело, тие се  во посебен ризик од инфекција, доколку се сексуално активни. Исто така може да дојде и во уринарниот тракт кај жените.

Периодор за инкубација кај кламидијата трае од една до три недели. Симптомите можат да бидат толку благи, скоро незабележителни но би требало да се покажат до 3 недели по сексот со заразена личност. Доколку постојат симптоми како: пецкање при мокрење, зголемен вагинален секрет, болка во долниот дел на грбот, невообичаена болка при секс и вагинално крварење во средина на циклус. Како и жените, така и голем број на мажи моат да поминат без симптоми.

Секоја сексуално активна личност треба да се тестира најмалку еднаш годишно, со оглед на тоа што симптомите на кламидија можат да бидат незабележителни. Ако се посомневате дека сте инфицирани со кламидија, би требало да се тестирате. Тестот на кламидија се прави во лабораторија, а за тестирање се користи урина.

Лечењето на кламидија е едноставно, бидејќи се работи за полова болест која може да се лечи со антибиотици. Не се советува самоиницијативно земање на лекови. заблената личност, за време на терапијата мора да апстинита од сексуални односи, со оглед на тоа што може повторно да го зарази партнерот.

Компликациите кои настанале по долга изложеност на кламидија, во смисла на непроодни јајцеводи, се лечат со оперативен зафат (лапароскопија).

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет