cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Неограничени можности - неограничени способности

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Здружението запомош и поддршка на лица со Даунов Синдром- Синоличка ќе организираодбележување на овој ден во сабота, 03 Декември 2011г, со почеток во 12:00часот во Детскиот Креативен Центар

Неограничени можности - неограничени способности

 

 

СИНОЛИЧКА е здружение на членови на семејства кои имаат деца, адолесценти и возрасни лица со Даунов Синдром, како и подржувачи: пријатели, роднини и професионалци од областа на медицината, образованието, јавните медиум и други сфери на општествено дејствување со заедничка цел- подобрување на квалитетот на животот на лицата со Даунов Синдром и нивно активно вклучување во секојдневниот живот.

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов Синдром- Синоличка ќе организира одбележување на овој ден во сабота, 03 Декември 2011г, со почеток во 12:00
часот во Детскиот Креативен Центар (при МКЦ) под мотото:

(Не)ограничени можности = (Не)ограничени способности

. . . да ги избришеме заградите!

Нашата цел е, преку промоција на достигнувањата на нашите деца, браќа, сестри и пријатели со Даунов синдром, да ја промениме перцепцијата за потенцијалите на овие луѓе и наместо на хендикепот, да се фокусираме на
нивните ТАЛЕНТИ:

- Александар Матовски (20 години- студент на втора година на Педагошкиот Факултет во Скопје) ќе се претстави со поезија од својата веќе издадена збирка ,,Бисери” и ќе го сподели своето искуство од долгогодишното учество во Карате клубот Ѓорче Петров (кафеав појас).

- Билјана Обедникова (27 години) ќе го пренесе своето искуство од учеството на Специјалната Олимпијада во Полска на која освои бронзен медал во атлетика (трчање на 150м).

- Никола Колев (20години) ќе се претстави со слики изработени во компјутерска техника.

- Христијан Стојанов (14години) ќе направи поњер поинт презентација на тема ,,Мојот живот, моите соништа” (резултат на неговата обука во НВО ,,Отворени прозорци”).

- За останатите учесници (помлади лица со Даунов синдром и лица згрижени во Центарот за лица со интелектуална попреченост Порака од Скопје) настанот е замислен како работилница каде на лице место ќе ја изразат
својата креативност во музичко, ликовно и компјутерско катче.

Вашето присуство ќе помогне заедно да работиме на подигнувањето на свеста за способностите на лицата со попреченост.

Со почит,

Здружение Синоличка

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет