Одберете ја вашата есенска фризура
Есента ни пристигна а со тоа и нова можност за да ја изберете вашата есенска фризура. Време е да смислите нов изглед, а со тоа да ја избегнете секојдневната фризура
Холивудските стилисти за оваа есен се согласија за едно, а тоа е опуштен стил и негувана коса како најважен адут за добар изглед оваа сезона. Затоа повеќето од нив тврдат дека кратката коса се враќа повторно во мода бидејќи ѕвездите како Ријана, Викторија Бекам, Хали Бери, Бијонсе и Ирина Шаек веќе се ишишаа кратко.
Што велите за кратка коса оваа есен? Или пак повеќе сте за брановидна фризура, густи шишки (враќање на трендот, кој не се препорачува на оние со виткана коса), или пак пунџа мала, голема, плетенки, коњски реп...
Погледнете ја прекрасната галерија на најмодерните фризури за оваа есен 2014 и одберете нешто свежо:
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)