Одговорно татковство

Многу мажи денес одлучуваат да живеат неодговорно. Не се грижат за иднината и за последиците од своите дејствија, се додека не дојде време за плаќање на алиментација.

Одговорно татковство

 

 

Многу жени се нашле во ситуација каде што нивните партнери не покажуваат никаков интерес  и подготвеност да преземат одговорност за ново настаната ситуација. Да очекуваш дете со човек кој е во постојано бегство од реалноста, може да биде полно со неизвесност и чувство на осаменост. Следниве ставови нека Ви помогнат  во определување на вашите идни насоки :

  • Разбирливо е на почетокот да постојат измешани чувства во врска со родителството. Потенцијалните родители често се плашат од губењето на сето она што до пред тоа го имале во своите животи – слободата, забавата и слободната волја. Да се стане родител може да биде застрашувачки , особено ако Вашиот однос со родителите бил полн со тензија и напнатост, па сето тоа резултирало  врз вас како врз родител. Чувството на несигурност на партнерот не претставува ништо лошо  - најбитно е како ќе се одговори на тоа чувство.
  • Жените и мажите на различен начин се подготвуваат да ја прифатат новата улога на родител. Жените први дознаваат дека се бремени  и полесно ги прифаќаат промените на сопственото тело . Мажите исто така може да забележат  дека нешто се менува,  знаат дека ќе станат татковци. Но, за разлика од жените не може да ги почувствуваат емоционалните и сензуалните промени. Дури и мажите кои морално се посветени на идејата за татковство потребни им се неколку недели  и цели месеци за да ја прифатат во целост “промената“ и да станат татковци.
  • Кога мажите не се во целост подготвени да станат родители, потребно им е повеќе време  да стапат во брак и да ги прифатат сите одговорности и стравови кои се составен дел од секоја новонастаната ситуација. Во случај да се реши партнерот на бегство  - идната мајка не само што ќе ја изгуби неговата доверба за љубов спрема тоа дете туку   истовремено се рушат и нејзините соништа за заедничко одгледување на детето. За многу жени таквите загуби често  може да предизвикаат длабока тага и депресија.
  • Во ситуација на неодговорно татковство , немојте да молите и да си припишувате на себе вина за таквото однесување затоа што тоа се негови одлуки и Вие немате никаква вина за тоа.
  • Знајте дека кога еден човек бега од татковство , неговата мотивација е стравот, а не лично отфрлање на мајката. Со други зборови (иако е полесно  сето тоа да се разгледа во теорија отколку во пракса) немојте се да си замате при срце. Ништо погрешно не сте направиле.
  • Бидете опкружени со луѓе кои ќе бидат покрај Вас и не плашете се да побарате помош. Бременостa е период на зголемена емоционална чувствителност и фактот дека таткото побегнал може да биде преголем залак за Вас. Ако чувствувате преголема тага потребно е да побарате стручна помош , подобро порано додека не биде предоцна. Ако е можно, пожелно би било доколку и таткото Ве придружува и заедно со вас учествува во надминување на сите стравови со што ќе се спреми за новата улога.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет