Опасностите на мониторот!
Просечно деца од 8-18 години гледаат во монитор околу 7.5 часа на ден. Тоа е еднакво на 114 дена во годината каде што децата користат мобилни телефони, таблети, компјутери, играјќи видео игри
Просечно деца од 8-18 години гледаат во монитор околу 7.5 часа на ден. Тоа е еднакво на 114 дена во годината каде што децата користат мобилни телефони, таблети, компјутери, играјќи видео игри. 68 од тие денови се исто така целосно потрошени на телевизија.
Гледање телевизија е топ активност после училиште кои децата ја применуваат, гледајќи повеќе од 3 часа на ден. Ризикот од лошо завршена домашна задача и лоши оценки е се поголем, а исто така децата развиваат лош став кон училиштето.
Не само што бројот на саати каде што децата гледаат телевизија се зголемува, туку и возраста на која се изложени на телевизија е се помала. Сега, просечно дете изложено на телевизија е уште од 9 месеци возраст, а додека наполнат 3 години, третина од децата имаат телевизор во собата.
Не само што времето пред монитор влијае на тежината, исто така многу влијае на детскиот сон. Времето пред монитор е поврзано со нерегуларни рутини на спиење и опструкции во сонот кај децата.
Телевизијата не е единствената работа која влијае на децата, видео игрите се поврзани со зголемено внесување на храна, а 97% од децата ги играат редовно!
Изложеност пред монитор е поврзано со висок БМИ индикатор. Децата гледаат повеќе од 10 реклами поврзани со храна, скоро 4000 годишно, а повеќето од јадењата се богати со масти, шеќер и содиум.
Децата обично имаат наклонетост да се огледуваат на родителите, а просечниот возрасен човек поминува пола од своето слободно време гледајќи телевизија. За да може децата да направат некаква промена, родителот мора да сака исто така.