Откриена тајната на забременувањето
Дали сте знаеле дека човечката јајце клетка всушност го ‘’фаќа’’ сперматозоидот со цел да биде оплодена?
Една леплива супстанца, наречена SLeX, се наоѓа во надворешната обвивка на јајце-клетката, која овозможува соединување на овие два ентитети. Истражувачите го открија точниот начин за тоа како јајце-клетката го прифаќа сперматозоидот кој доаѓа, со цел да го започне процесот на оплодување. Истражувачите ширум светот веќе триесет години се занимаваат со оваа проблематика.
Научниците веруваат дека ова откритие може да даде одговори на претходно необјаснетите случаи за неплодност кај брачните парови, кои со години се третирале за неплодност без да ја знаат точната причина за таа состојба.
Откриено е дека супстанцата, позната под името Сиалил-Левис-Икс (SLeX) ја има во изобилство на површината од јајце-клетката. По многуте експерименти изработени во лабораториски услови со синтетички супстанци, откриено е дека токму оваа супстанца го прифаќа сперматозоидот за ѕидот на јајце-клетката.
Сперматозоидот ја препознава јајце-клетката кога протеините што се наоѓаат во неговата глава се сретнуваат со низа специфични супстанци кои се наѓаат во обвивката на јајце-клетката. Во моментот кога ќе се случи успешно поврзување, надворешната површина на сперматозоидот и јајце-клетката се залепуваат, и тогаш се случува трансфер на ДНА во јајце-клетката.