Парис Хилтон е БРЕМЕНА?
Ѕвездата на шоуто “Светот според Парис” ја покажа својата фигура месецов, појавувајќи се во тесно фустанче и не можеше да не се забележи дека има стомаче.
Парис Хилтон, 30, е позната по својата тенка, грациозна и витка фигура. Месецов таа се појави во тесно, жешко розево фустанче и игледа дека таа е бремена. Погледнете го тоа стомаче, што мислите?
Или тоа е само непријатен фустан или Париз го очекува своето прво дете. Нејзините раце и нозе се во топ форма, но нејзиниот стомак не е ниту близу рамен како што секогаш е. Тој навистина личи како трудничко стомаче.
"Мислам дека тоа е смислата на животот, да имате деца ", изјави Парис за списанието ОК!
"Едвај го чекам тој ден. Со нетрпение очекувам да ја почувствувам таа љубов и блискост "
Но, поголемото прашање тука е кој е таткото на детето? Парис неодамна раскина со нејзиното момче Су Вејтс, а сега се гледа со режисерот на филмот Hangover 2, Тод Филипс. Судејќи по големината на стомачето, ако Парис навистина е бремена, тогаш таткото дефинитивно е Су.
Останува само да ја почекаме Парис Хилтон со коментар за сево ова.