Патот до здрави заби–кампања што ги научи дечињата
„Патот до здрави заби“ – кампања што ги научи дечињата на важна здрава навика
Во период од три месеци на неколку различни локации во Скопје, беше реализирана кампањата „Патот до здрави заби“ поддржана од Лакалут, во организација на Натусана. Кампањата се одвиваше под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“ и истата низ игри и забава ги научи најмалите на важни здрави навики, неопходни за соодветна грижа на забите.
Јунакот на оваа кампања, зајчето Четко Четковски, преку различни игри ги научи дечињата на здрави навики важни за целокупното здравје на организмот. Дечињата преку организираните настани на различни локации во Скопје, се запознаа со главниот лик на кампањата и од него и игрите научија многу нешта, како на пример – која храна е добра, а која е штетна за забите, правилниот начин за одржување хигиена на забите, кога треба да се посети стоматолог итн.
Во изминатите три месеци беа реализирани шест настани, од кои пет беа игри (Кула, Пикадо, Квиз, Куглање и Сложувалка). Секоја од игрите ги научи најмалите на различни нешта и имаше посебна цел, а на последниот настан организиран во Градскиот парк дечињата се фотографираа покажувајќи ги резултатите од она што го научија на патот до здрави заби.
Настаните привлекоа големо внимание. На нив присуствуваа над 1.300 посетители, од кои околу 700 беа учесници. Од нив беа наградени 100 победници, а беа доделени и 750 боенки.
Приказната за Четко Четковски и „Патот до здрави заби“, не застанува тука. Четко и во иднина ќе продолжи да ги едуцира најмалите за хигиената и здравјето на забите.