Пет пијалаци кои ќе ве топлат оваа есен
Ако и вас есенскиот студ ве фати неспремни и барате начини како да се згреете тогаш останете до крајот на оваа статија. Во потрагата по нешто што ќе ја згрее нашата душа наидовме на овие рецепти за топли безалкохолни и алкохолни пијалаци
1. Греано вино со портокал
Што ви е потребно:
- 1 шише црвено вино
- 60 гр. кафеав шеќер
- 1 стапче цимет
- Црн бибер во зрно
- Каранфилче
- Рендано морско оревче
- 1 портокал на пола
Подготовка: Во подлабоко тенџере ставете го кафеавиот шеќер и загрејте го додека не се карамелизира (внимавајте да не загори), кога ќе добие убава светло кафена боја додадете го виното, портокалот поделен на две половини и зачините и варете додека виното не почне да врие. Послужете го веднаш во чаши отпорни на топлина.
Статијата е преземена од веб сајтот Гетлокал (www.getlokal.mk)