cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Почеток на наставата и за децата со посебни потреби?

Kaко би се одвивала наставата од први септември за децата со посебни потреби од аспект на дефектолозите редукатори кои се директно вклучени во воспитно образовниот процес

Почеток на наставата и за децата со посебни потреби?

Да ја напишам оваа статија ми беше поттик веста на која се израдував дека  дечињата од  прво до трето одделение би требало да посетуваат настава во училиштата од 1 септември. Во кој обем и какви ќе се мерките треба децата да се во училишните клупи, барем оние од прво оделение.

Од аспект на дефектолог олигофренопедагог вработена во одделенска настава за деца со лесна интелектуална попреченост ќе го образложам ставот зошто е нужно децата со посебни потреби да се во училиште. Дружењето и потребата за игра е голема. Тие се среќни кога се на училиште, кога излегуват од дома, со нетрпение сакаат да се во училиште меѓу своите другарчиња. Кога се мали иако не се доволно свесни, но чувствуваат дека тука припаѓаат, меѓу децата кои се слични на нив. Тие доаѓаат во една релаксирачка и опуштена средина прилагодена според нивите индивидуални можности и способности. Секој дефектолог настојува да имаат играчки и надгледни средства и се да се одвива преку игра, движење и песни. Тие се мали среќни ангели тука се со нас и само преку взаемна интерактивна поврзаност со секое дете може да има и едукација и воспитание и  формирање на социјални навики и вештини. Тие не имитираат и не подржуваат во сите активности. Тие се емоционално лепливи, преполни со љубов и искрени зборови. Дома седат многу од нив и играат пред компјутер, тие компјутерот го доживуваат како игра и забава. Улогите кај овие деца се точно распределени и авторитетот кој го има еден наставник. Тие знаат дека кога се на училиште одат за да научат нешто, дома е мама која се грижи за нив, дома се слободни, играат и трчаат. Непосредниот контакт и фидбек со секое дете во процесот на совладување на знаењата е незаменлив. Таа врска се гради  во училиште и непосредно, и секој сооднос наставник –дете, со деца со посебни потреби е различен и посебен и единствен. Наставникот во контакт со секое дете има различни индивидуални прилагодени барања и активности. Тука е многу важна потребата од индивидуалната непосредна работа со секое дете за да има резултати и постигнувања. Со многу деца едноставно е потребно многу енергија и вложување на емоции за да се придобие, да му се фати рачето и заедно да се напише еден дел од индивидуален наставен лист. Нема ист наставен лист за сите деца во одделението, за  секое дете посебно и различно, секое има различна стартна позиција. Секое дете има различен опсег на задржување на внимание. Некогаш е и  напор и отпор  да седи и во скут кога е мало за да се напише само еден ред или една линија. Да се состави некоја слика и тоа поделена само по вертикална или хоризонтална основа на два дела.

 

Како во овие услови би се одвивала наставата?

Јас од аспект на практичар ќе го изнесам своето гледиште. Дали ќе сум во право или не ова е мое гледиште, што не значи дека треба некој да се согласи. Скратени часови треба да има. Уште како студент во Белград пред 25 години кога одевме во посебните училишта каде се одвиваше воспитно образовниот процес часовите за нив беа 30 мин. И од тие 30 минути ефективни и концентрирачки за нив се 10 мин. Во оваа состојба да, ТРЕБА ЧАСОТ ДА ИМ Е 20 МИН ПО ДВЕ ДЕЦА НА ЧАС. Сите мерки за заштита од Ковид-19 треба максимално да се почитуваат со маски, ракавици и пребришување на просторијата и проветрување. Значи ракавиците треба да се менуваат по потреба. Еве пример: дете е, му тече носето, треба да се фати за раче и однесе во тоалет, да се соблече и облече. За сите овие активности се менуваат ракавици, треба дезифициенси во поголеми количини. Маски нe на 2 h , на  1h, ако знаеме дека децата се најголемите преносители на овој вирус. Тука доаѓаат антибактериските  влажни марамици, или салфети во ролни за често пребришување. Значи осетлива е состојбата, ако сакаме настава. Не само сега, во работата со овие  деца така треба да е секој ден, хигиената на едно повисоко ниво. Зборуваме за инклузија на овие деца во редовните паралелки. Сега е моментот да се знае дека треба простор, дека во училница со две деца со посебни потреби не треба да се повеќе од 10 деца заедно со нив. Во концепт на училницата и инклузивната настава но и од аспект на Ковид-19, секоја училница треба да има посебен санитарен чвор. Не можеме да ги заштитеме ако треба да се оди во ходник  и да се одведе детето до ве-це а да зборуваме за заштита од Ковид-19. Но во  состојби какви што се сега и услови и просторно, добро е да посетуваат настава децата со посебни потреби и првите одделенија со смален број на ученици, со смалено време на седење на час и со ротација на другите ученици. Ова со смален број е многу важен фактор  од аспект на санитарните јазли кои се заеднички и се во ходниците. Вулнерабилноста на децата со посебни потреби е поголема од децата без потешкотии. Многу од нив имаат и срцева слабост, многу од нив преживеале и по една или две отворени операции на срцето. Сето ова го знаат многу почитувани колеги и затоа и се сложувам со претпазливоста но и значајноста на одлуката да посетуваат настава само децата од прво до трето одделение .

Уште нешто од аспект на наставник, но од страната на родителите. Со затоплувањето на училниците не ќе треба да се чека грејната сезона, нека се и потопли од вообичаеното, затоа што како наставници ќе имаме честа потреба од проветрување на училниците.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет