Подарете љубов за Денот на вљубените!
Ако треба да подарите нешто од потреба, подобро да не го правите тоа. Таквите подароци говорат за недостатокот на внимание и не прават никого среќен. И тука цената на подарокот нема никакво значење. Подарете ЉУБОВ за Денот на вљубените!
Св. Валентин одамна стана традиционален празник на вљубените. Независно од тоа што е премногу комерцијализиран, тој сепак е празник со убав повод
Денот на вљубените го добива своето име уште во IV век. Уште во Римската епоха, на 14 февруари се чествувала божицата Јунона, заштитничка на семејството, бракот и жените. Мажите на овој ден им подарувале цвеќе на своите сакани. Веројатно оттука доаѓа обичајот да се подарува цвеќе за Денот на вљубените. Ноќта на 15 февруари Римјаните ги прославувале т.н . Луперкалии – прослави во чест на богот Пан. На овие прослави воопшто немало значење дали сте во брак или не. Девојките ги пишувале своите имиња на парченца пергамент и ги ставале во вазна, а од вазните ливчиња влечеле момчиња. За време на Луперкалиите се склучувале бракови по тој принцип.
Постојат три легенди за настанокот на Денот на вљубените:
Општо земено, празникот на вљубените, кој го славиме денес, има антички историски корени. Но тој се претворил во Ден на вљубените, како што гласи легендата, благодарение на Христијанскиот маченик Валентин од градот Терни во Италија. Тој живеел во III век и бил еден од првите христијански проповедници. Кога Валентин пристигнал во Рим, го спасил од смрт синот на познатиот гласноговрник Катон. Импресионирани од чудото не само семејството Катон, туку и други жители на Рим, почнале да го прифаќаат Христијанството. Но Префектот не го одобрил тоа и наредил да се егзекутира Валентин. Тој бил погубен на 14 февруари 209 или 270 година.
Постои и друга легенда. Според неа Императорот Клаудиј му наредил на советникот Астериус да одржи воспитен разговор со проповедникот на Христијанството Валентин, за тој да се откаже од својата вера. Но се случило спротивното: откако Валентин го вратил видот на слепата ќерка на Астериус, тој самиот ја прифатил Христовата вера. Валентин се заљубил во неговата ќерка. Непосредно пред неговата егзекуција, која ја наредил Императорот, Валентин и испратил писмо со нежни зборови на својата љубов. Оттука потекнува обичајот на денешен ден да се пишуваат честитки.
Постои и трета верзија на оваа легенда. Аскетот Валентин воопшто не се интересирал за жени и не ги сакал, туку бил посветен единствено само на Бог. Но, како Епископ во Терни тој ги венчавал заљубените според Христијанскиот обичај. Ги венчавал тајно, бидејќи Римјаните ги забранувале овие обреди. Заради својата вера, Валентин бил погубен.
Независно каква била историската вистина, Светиот великомаченик Валентин бил канонизиран од Црквата уште во IV век. Впрочем , тој се претвора во "патрон " на вљубените малку подоцна - во средниот век. А пред тоа бил заштитник на младите, патниците и болните од епилепсија. Значи сите легенди, во кои станува збор за љубов, најверојатно се далеку од реалноста. Тоа сепак нема значење, бидејќи денес името на Св. Валентин е поврзано со љубовта и вљубените, а љубовните пораки кои ги испраќам , се нарекуваат во целиот свет “Валентин “ .
Среќата не е во парите. За прв пат Денот на вљубените како празник на вљубените започнува да се слави пред околу 500 години во Англија и Шкотска. Во "Хамлет" на Вилијам Шекспир Офелија пее: "Утре e денот на вљубените ... " . Англичаните испраќаат денес над 15 милиони " “Валентинки”. Германците и Италијанците сакаат цвеќињата - пред сè рози. Белгијците подаруваат чоколада во облик на срца. Французите подаруваат вратоврски на мажите и парфеми и накит - на жените . Има и поефтини начин да се искаже љубовта. Во Германија на овој ден речиси секое семејство купува топли и свежи кифлички. Во тоа нема ништо необично. На сопственик на еден млечен ресторан во Хамбург му паѓа на памет генијална идеја: тој почнува да пече мафини во облик на срца. Нивната популарност станува толку голема што речиси сите денес го следат неговиот пример.
Со што да го/ја израдуваме љубениот/та за Денот на вљубените?
Ова прашање си го поставуваат секоја година милиони мажи и жени низ светот.
Американските истражувачи дошле до заклучок дека ако треба да подарите нешто од потреба, подобро да не го правите тоа. Според нив, таквите подароци говорат за недостатокот на внимание и не прават никого среќен. И тука цената на подарокот нема никакво значење. Феличита Хајне, која е една од најпознатите германски семејни терапевти, препорачува да се подаруваат подароци кои ја рефлектираат тесната поврзаност и кохезијата на вљубените. "Заедничката авантура е една од главните состојки на љубовните односи. Подарувајќи си љубовна авантура, вие си подарувате и незаборавен љубовен спомен, кој трае подолго од сите цвеќиња" , советува таа.
ПОДАРЕТЕ ЉУБОВ ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ!