Поддршката родител - дете е во взаемна корист
Секоја работа со својата тежина без разлика дали си во работен однос или си домаќинка обврските се тие - понекогаш поголеми, понекогаш помали. Квалитетното поминато време со децата нема да ти ја исцрпи енергијата ќе ти ја даде силата за денот потоа
Иако тие се само деца од нив ќе научиш за мотивација, идеи, радост, безусловно другарување, несебичност и една многу битна работа тоа е упорноста!
И децата можат да имаат лош ден, и тие може да се нервозни и да не им е по ќеф?- сето тоа е нормално нели?- Имај трпение како родител и смири ја ситуацијата, прашај за проблемот и дади насока и совет и најважното охрабри!
Сите имаме свои проблеми зададени во даден момент и според возраста- и секој наш проблем дали како родител или дете ни е голем проблем се додека не најдеме решение.
- Споделениот проблем е пола решен проблем.
- Од секоја потешкотија исцрпи го она што ќе ти ја олесни работата, а тоа е предизвикот да работиш кон подобрување - одбери ја позитивноста во секоја ситуација.
Како родител и авторитет над своите деца ти нив учи ги на трпение,а ти од нив ќе научиш да бидеш упорен и да не се откажуваш!
Кога децата проодуваат тие ќе паднат и пак ќе станат но не се откажуваат...
Од децата може многу да се научи и да научат многу, доколку времето поминато со нив е квалитетно исполнето!
Квалитетно време со децата не значи повеќе време поминато со децата - туку начинот на кој го поминувате времето ;( вклучување на децата во домашните обврски и вклучувањето на родителот во едукација, играта и воспитување на детето).
Заедно сте посреќни и попродуктивни.
Елена Стојчевска