Порака
Детски песнички

Ајде да се сакаме,
сите како братчиња.
Зошто сме си дечиња,
зошто сме другарчиња.
Ајде да заиграме,
радосни распеани.
Зошто сме си слободни,
зошто сме насмеани.
А ,за другарчињата,
негде што боледуваат,
Ве молиме помогнете,
за да се радуваат.