Повеќе мали деца секојдневно консумираат кофеин

Според најновите истражувања, 75% од малите деца консумираат кофеин секој ден, најмногу преку газираните сокови. И колку повеќе кофеин се конзумира, толку помалку спијат

Повеќе мали деца секојдневно консумираат кофеин

 

 

Истражувачите од Универзитетот во Небраска набљудувале 200 деца од 5-12 години за време на рутинските клинички посети во педијатриската клиника. Родителите биле прашувани за типот и количината на оброци и пијалоци што ги конзумирале нивните деца секој ден.

Децата помеѓу 8-12 години во просек дневно конзумирале 109 мг. кофеин, еквивалентно на 3 чаши газиран сок, а помалите деца во просек 1 чаша.

Додека кофеинот бил асоциран со проблеми со спиењето, тој не бил поврзан со ноќното мокрење, спротивно на популарното верување дека ако мало дете конзумира кофеин ќе има проблеми со ноќното мокрење, бидејќи кофеинот е диуретик.

Родителите треба да бидат свесни за потенцијалното негативно влијание на кофеинот врз сонот на детето и неговото дневно функционирање. Педијатрите треба да ги едуцираат родителите за штетните ефекти на кофеинот како и да ги прашаат за дневната количина на кофеин која ја внесува нивното дете.

 

 

zazdravje

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет