Предности на редовната физичка активност
Научно е докажано дека редовната програма на физичка активност доведува до подобрување на општата здравствена состојба и намален морталитет
Секојдневната физичка активност има позитивен ефект при многу заболувања:
- Коронарна срцева болест и други кардиоваскуларни болести;
- Висок крвен притисок;
- Намалување на холестеролот и липидите во крвта;
- Дијабет (тип 2 дијабетес);
- Инсулинска резистенција и гликоза нетолеранција;
- Рак на дебелото црево;
- Рак на простата;
- Рак на дојка;
- Заболувања на жолчниот меур;
- Депресија.
Таа, исто така, доведува до:
- Подобрување на елементите на физичката кондиција (кардиоваскуларна форма, мускулна издржливост, сила на мускулите, моторни вештини);
- Чувство на задоволство;
- Намалување на стресот;
- Намалување на прекумерната тежина, односно дебелината;
- Зголемување на густината на коските;
- Намалување на фреквенцијата на артритис.
Поволни ефекти од физичката активност може да се постигнат доколку се практикуваат следниве принципи:
- 30-60 минути на континуирана аеробна активност секој ден;
- Практикување на редовна физичка активност 4-6 пати неделно;
- Да се ангажираат сите големи мускулни групи;
- Да се практикуваат ритмични и анаеробни вежби;
- Да се вежба континуирано и секојдневно.
Со ваков интензитет на вежбање се постигнува:
- Се губат 120-200 ккал/ден и 1000-1500 ккал/неделно;
- Се користи 60-90% од максималната срцева фрекфенција;
- Се искористува 50-85% од максималниот кислород.
Времетраењето и интензитетот може да се утврди индивидуално од страна на секој човек.
Се препорачуваат аеробни активности: возење велосипед, пливање, џогирање, спортски игри, танцување и слични активности.
Секое лице што сака да стане или остане физички активно треба јасно да ги разбере и да ги цени позитивните и корисните ефекти обезбедени од страна на физичката активност.
Со редовна и умерена физичка активност се постигнуваат позитивни ефекти за здравјето.
За да се постигнат позитивни здравствени ефекти од редовната физичка активност, важно е да се направи програма за подобра физичка кондиција од фитнес тренери или луѓе обучени за тоа, бидејќи така побрзо ќе се дојде до посакуваните резултати.