Принцот Џорџ се подготвува за во јасли
Принцот Џорџ - првороденото дете на војводите од Кембриџ, Вилијам и Катерина, се подготвува за запишување во градинка, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на соопштение од палатата Кенсингтон
Џорџ, кој во јули оваа година наполни 2 години, ќе пристапи во детските јасли Монтесори во Норфолк - на околу 180 километри северно од Лондон.
Се очекува принцот да го премине прагот на јаслите до крајот на јануари следната година. Од градинката исто така се подготвуваат за пречекот на малиот принц.
"Тој ќе го добие истиот однос како сите наши деца", велат од детските јасли.