cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Програма за (само)вработување на самохрани мајки

Оваа програма ги опфаќа учеснички од Скопје, Битола и ШтипШто ќе добијат учесничките во програмата:

Програма за (само)вработување на самохрани мајки

 

Програмата е дизајнирана за да им понуди помош при вработување и самовработување на самохраните мајки. Преку циклус од пет обуки тие ќе добијат знање и вештини кои реално се потребни на пазарот на труд, потоа пријавените учеснички ќе добијат можност да соработуваат со жени претприемачки кои ќе бидат нивни менторки и ќе им пружат поддршка и совети како полесно да најдат вработување или да отворат свој бизнис, и исто така учесничките ќе добијат можност за пракса во компанија преку која ќе можат да ги зајакнат на сопствените вештини и згоелмени можности за вработување.

Оваа програма ги опфаќа учеснички од Скопје, Битола и Штип

Што ќе добијат учесничките во програмата:

I.        Учество во 5 сертифицирани краткорочни обуки на следниве теми:

1.       Асертивност во професионална комуникација.

2.       Лидерство и тимска работа.

3.       Менаџмент на задача, себе и време.

4.       Претприемништво и пазар

5.       Вработување и (само)вработување – вклучува изработка на ЦВ/мотвационо писмо и ли бизнис план

 

II.      Сертифицирана вокациона обука за занимање кое им е потребно на бизнис компаниите кои учествуваат во програмата, се цел да се овозможи евентуално вработување на учесничките во некоја од компаниите кои се дел од програмата.

 

III.    Поддршка од ментор (успешна жена претприемач), која ќе им помогне на оние заинтересирани за започнување на сопствен бизнис поефикасно да го спроведат тој процес (поддршката се однесува на споделување совети, искуства и контакти кои ќе им послужат на учесничките да се справат со потешкотиите во започнување на бизнис, изнаоѓањето на клиенти и вообичаените проблеми со кои се среќава секој нов претприемач).

 

IV.    Вмрежување – преку програмата учесничките ќе бидат во контакт со други претприемачи – потенцијални клиенти, бизнис партнери или работодавачи, кои ќе им го олеснат процесот на наоѓање работа и започнување бизнис.

 

V.      Директни информации и конкретни совети од релевантни институции и за достапните мерки, субвенции и други типови на олеснувања и поволности при вработување и започнување сопствен бизнис.

 

VI.    Информации за можности за вработување во компаниите кои членуваат во програмата.

 

VII.  Психосоцијална поддршка – неделни средби за споделување на искуствата и предизвиците во процесот на вработување и само- вработување, со цел взаемна поддршка од останатите учеснички во програмата.

ЗА ВРЕМЕ НА СИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ ОБЕЗБЕДЕН Е ПРОСТОР И СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ЧУВАЊЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА.

Доколу сте заинтересирани своето учество може да го пријавите на ea@bcm.mk.

Исто така доколку имате потреба од дополнителни информации обратете се на ea@bcm.mk или јавете се на 02/322 4762

Рокот за пријавување е до 19.05.2017 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет