cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

ПРОСЛАВА НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

clock-img

21.9.2011

Во недела, 25 септември 2011, во 11 часот, кај Школка во Градскиот парк во Скопје, за прв пат ќе го прославиме Европскиот ден на јазиците во Македонија.

ПРОСЛАВА НА ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

Оваа година е јубилејна 10 годишнина од прославувањето на Европскиот ден на јазиците кој се прославува секоја година по иницијатива на Советот на Европа во 47те земји членки.

 

Настанот претставува можност да се нагласи важноста од изучување на странските јазици во Македонија, но и да се прослави мултилингвизмот бидејќи според убедувањата, говорењето повеќе јазици претставува алатка за поголемо разбирање меѓу народите и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент. Прославата вклучува изведба на детска претстава и музички забавен дел преку кои ќе се пренесе пораката за мултилингвизмот. Истата ќе биде збогатена и со штандови на кои Амбасадите и Културните Центри на Германија, Италија, Франција, Словенија, Хрватска, Холандија, Турција и Институтот за македонски јазик ќе ги промовираат своите јазици.  Британскиот совет е одговорен за промоција на англискиот јазик и во состав на сопствениот штанд ќе додели дипломи по англиски јазик од реномираниот Универзитет во Кембриџ.

 

Своето присуство на прославата го потврдија Министерката за култура на РМ, г-а Елизабета Канческа-Милевска, г-н Роберт Лидл, Шеф на делегацијата на Европската Унија.

 

Прославата ќе биде збогатена со многу игра, забава, и музика, и со учество на нашиот овогодишен евровизиски претставник Влатко Илиевски, кој ќе биде и водител на настанот.

 

Британски совет ја поддржува Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност (ЕЛТАМ) во прославата на овој ден. Поддршка за настанот обезбедуваат и Град Скопје и интернет порталот Рингераја.

 

» ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ «

Зборуваме на различен јазик, но сите играме, пееме и се радуваме на детството

 

 10-14 часот, 25 септември 2011, Градски парк Скопје

 

Програма на бина:

  • Пред 11:00 - Во периодот додека доаѓаат посетителите се слуша музика на различни странски јазици, музика која ќе ја обезбедат локалните амбасади.
  • 11:00 – 11: 15 Поздрав на различни јазици (вклучени се ученици од основни училишта од Општина Центар)

* воведен говор на водителот Влатко Илиевски на настанот.

  • 11:15 – 11:30 - Поздравни  говори 
  • 11:30 – 12:00 - Детска претстава на тема: Сите зборуваме различно но сите сме деца, сите играмее, пееме, учиме и се радуваме на детството. Изведба на Детски Театарски Центар.
  • 12:00 – 12:30 - Музички забавен дел со Влатко Илиевски
  • 12:30 – 13:30 - Кратки рецитали на странски песнички
  • 13:30 – 13:45 - Доделување на подароци и дипломи за победниците од натпреварите кои ќе се реализираат во основните училишта и на www.ringeraja.mk    
  • 13:30 – 14:00 – Одјава на настанот и поздрав со песничката која ќе се испее на различни јазици: If you're happy and you know it, clap your hands (clap clap) ...

 

Останати активности, надвор од бината:

- активностите на штандовите на земји членки на Совет на Европа

- Креативно катче - во овој дел децата ќе можат да се натпреваруваат, да цртаат, бојат, разгледуваат фотографии, играат memory game. Ќе се овозможи и цртање на различни знамиња на лицата на децата.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет