Првата средба со бебето дома
Како да се подготват младите родители за пречекот на бебето дома?
Треба да имате:
- Облека - Боди, бенкичиња, кратки чорапчиња, шпилхозни. Сите мора да бидат испрани, пред првата употреба, заради отстранување на сите остатоци од хемикалии.
- Пелени и средства за нега на детската кожа - можно е еден пакет со 40 пелени да ви служи само неколку дена. Неопходен е крем за заштита на бебешкото газе и влажни марамчиња, како и влажни крпи.
- Перничиња за затоплување - поставени на стомачето, помагаат за ублажување на стомачни грчеви.
- Термометар за мерење на телесната температура - кај бебињата до три месеци треба да се побара лекар при температура над 38 степени.
- Термометар за мерење на температурата на водата во бањата - водата за капење не треба да е потопла од 37 степени.
- Марамчиња за повеќекратна употреба при повраќање - многу на број, потребни се постојано.
- Памучни капчиња - дури и кога надвор е топло. Малите губат многу топлина од главата, затоа е потребна памучна капа.
- Цуцла лажалка - најдобро е да се купат повеќе пакувања од ист модел, бидејќи постојано се губат.
- Бебифон - кога бебето спие во посебна просторија ...
- Педијатар - неговиот телефон треба да е на располагање.
- Кревет - бебето спие сигурно и безбедно во сопствено легло блиску до мама и тато.
Ова може да почека
- Сопствена детска соба - не е потребна паника, ако немате таква соба. Новороденчето се чувствува најдобро прво кај мама и тато.
- Перници, постелка
- Лекови - родителите не треба да даваат лекови на бебето, без консултација со лекар.
- Обувки - бебешките чевли се толку симпатични, што идните мајки не можат да им одолеат. Но, во почетокот тие служат само за украс.
- Играчки - во почетокот е доволна мала плишана играчка.