cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Првите запчиња, вистинска се мака

clock-img

17.9.2010

Некои бебиња не го ни чувствуваат никнувањето на првите запчиња, додека други имаат проблеми со недели.

Првите запчиња, вистинска се мака

Освен бебето кое ќе се лигави, ќе плаче, немирно ќе спие и Вие мора да го издржите тој период.

Баш кога помисливте дека фативте ритам со бебето, не се буди ноќе, дење е разиграно и среќно, доаѓаат нови проблеми – никнување на првите запчиња.

Познато е дека бебињата најчесто ги добиваат првите запчиња меѓу четвртиот и осмиот месец од животот, но не е реткост да не им израснат до првата година од животот. Многу мал е бројот на бебињата кои се раѓаат со запче, или им никнуваат запчиња во првите четири месеци од животот.

Како што нема посебен образец кога ќе никне првото запче, така не може да знаете колку ќе ги боли и како ќе го поднесат тоа. Понекогаш кај бебињата пред неколку седмици се гледа дека никнува запче, затоа што на тоа место се појавува црвенило, па дури и местото е малку подигнато, додека кај други деца нема никакви знаци, додека не видите дека никнало запче.

Секако, растот на забите кај бебето е поврзан со генетиката, па ако Вас или а Вашиот сопруг порано Ви никнале запчиња, така ќе биде и со Вашето бебе.

Како и да е, на Вашето бебе до четвртата година ќе му никнат 20 запчиња, иако повеќето деца до навршената трета година веќе ги имаат сите заби.

Погледајте го распоредот на раст на забите

Кои се симптомите на никнување на првите запчиња?

Како што веќе споменавме, симптомите на никнување на првите запчиња можат да бидат полесни и потешки. Заради различните искуства родителите, но и психолозите најчесто не се согласуваат околу степенот на болка низ кој детето поминува.

Повеќето симптоми кои ќе ги наведеме најчесто се поврзуваат за растот на првите заби, но сепак, ако не сте сигурни, не е лошо да се посоветувате со педијатар. Имено и други причини можат да имаат исти симптоми.

Иритација: Кога малите запчиња се се поблиску до површината, непцата на Вашето бебе најчесто се воспалени и чувствителни, на што Вашето бебе ќе реагира со плачење и раздразливост. Таков вид на болка најчесто се јавува при никнувањето на првите заби и евентуално при никнувањето на катниците, бидејќи се многу поголеми од забите кои дотогаш пораснале. Раздразливоста може да биде поврзана и со присуството на првите заби, на кои бебето не е навикнато, па потешко учи на живее со нив. Тоа може да се случува при никнување на секој нов заб, но зависи од бебе до бебе.

Лигавење: На три или четири месеци Вашето бебе ќе почне да се лигави, повеќе од нормално. Кај некои бебиња лигавењето ќе биде појако, отколку кај други.

Кашлање: Премногу плунка може да предизвика повремена кашлица. Тоа не треба премногу да Ве загрижува, доколку се останато со бебето е во ред и не покажува други знаци на настинка и болест.

Осип на брадата: Ако Вашето бебе премногу се лигави, непрестајниот контакт на плунката со брадата може да доведе до иритација. Ако се појави таков осип, обидете се брадата на бебето да ја бришете со што помека крпа, или газа, како не би се иритирала кожата уште повеќе. Обидете се тоа да го правите што почесто и неколку пати во денот намачкајте го бебето со крем за да ја намалите иритацијата.

Гризење на предмети: Кога им растат заби, бебињата ги ставаат во уста сите предмети што ќе им дојдат до рака. Со притискање на непцата бебињата го намалуваат притисокот кој се јавува во нив. Купете им од аптека играчки кои се наменети за тоа, и мијте ги редовно.

Триење на образите и влечење на ушите: Болката и чешањето на непцата може да го наведе детето да ги трие или гребе образите, да ги влече или трие ушите, бидејќи болката често се пренесува. Но внимавајте, децата често ги тријат и повлекуваат ушите кога имаат воспаление.

Пролив: Никнувањето на забите делува и на детската психа така што може да се случи да добие пролив. Некои тоа го поврзуваат го тоа што бебето голта поголемо количество на плунка, која ја разредува столицата. Сепак проливот не смее да биде прејак. Слободно прашајте го педијатарот за совет.

Покачена температура: Благо покачена температура може да биде знак за никнување на запчиња. Некои родители и педијатри се согласуваат околу тој факт, некои не. Останува на Вас да процените и да се посоветувате со педијатар доколку бебето има благо покачена температура, повеќе од два дена.

Лош сон: Заради болките кои бебето може да ги чувствува во текот на денот и ноќта, веројатно потешко ќе заспие и почесто ќе се буди, доколку болката стане појака. Честото будење ќе се јави само при никнувањето на првите заби.

Симптоми на настинка: При никнувањето на запчиња, кај некои деца се појавуваат симптоми на настинка, како што се течење на носето и слично, но тоа може да биде поврзано и со вистинска настинка бидејќи на бебето често рацете му се во уста, што ја зголемува можноста за внесување на бактерии.

Како можете да му помогнете на бебето? 

Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да му олесните на бебето. Некои од триковите ќе бидат успешни, некои не, но родителите се согласуваат дека вреди да се проба.

Гумените играчки кои се направени специјално за децата, да ги гризат додека им никнуваат запчињата, можете да ги ставите во фрижидер. На некои бебиња ќе им одговара ладното на непцата, посебно ако им се воспалени. Исто така, гризењето на прстите од мама и тато може да ги утеши, но пред тоа не заборавајте да ги измиете рацете. На бебето ќе му требаат повеќе течности, ако се лигави.

За против воспалителни процеси во устата може да користите чај од жалфија, која е навистина најдобар природен лек. Постои уште еден интересен “лек”, а тоа е масажа на прстите на нозете на бебето, каде што се наоѓаат рефлексните зони на вилицата.

Доколку ништо не помага, посоветувајте се со педијатарот околу дозата на таблети против болки. Во нашите аптеки има и други средства со кои можете да ги премачкате непцата на бебето, како би ја ублажиле болката.

За жал, не постојат многу работи со кои можете да му помогнете на бебето, но тоа е еден период и процес низ кој сите сме поминале, па така ќе помине и Вашето бебе. Веројатно ќе имате повеќе непреспиени ноќи и плачки, но сетете се колку Вашето бебе ќе биде слатко кога ќе му излезат првите запчиња.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет