cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Псевдоциеза - лажна бременост

Псевдоциеза е медицински термин за лажна бременост. Псевдоциеза, уште позната под терминот “хистерична бременост”, може да предизвика многу од знаците и симптомите на бременост, и често пати наликува на таа состојба, со исклучок на присуство на фетус

Псевдоциеза - лажна бременост

 

Симтомите на ова психичко нарушување се слични на симптомите на вистинската бременост и често пати е тешко да се разликуваат од карактеристичните знаци, како што се утринското гадење и повраќање, размекнати гради и зголемување на телесната тежина. Само 18% од жените со псевдоциеза се навремено дијагностицирани од страна на стручни лица. Во некои случаи, единствената разлика помеѓу вистинската бременост и псевдоциезата е присуството на фетус.

Не постои универзална и утврдена теорија за тоа што ја предизвикува оваа состојба. Една од теориите тврди дека лажната бременост е причинета од емоционален конфликт на жената. Се смета дека интензивната желба да се остане бремена, или пак интензивниот страв од бременост, може да создаде внатрешни конфликти и промени на ендокриниот систем, што може да ги објаснат некои од симптомите на псевдоциезата.

Втората теорија тврди дека жените кои очајно сакаат да останат бремени, може да ги интерпретираат промените на телото како знаци за бременост. Третата теорија ја бара причината во депресивната состојба на жената, која прави хемиски промени во нервниот систем, што може да ги поттикне симптомите на псевдоциезата.

Бидејќи не се знае точната причина за појава на оваа состојба, не постојат специфични терапевтски пристапи кон овие пациенти. Во некои случаи, на пациентките им се даваат медикаменти за симптомите, но сепак, основата е третманот е психотерапија.

 

zazdravje

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет