cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Работното место е повалкано, отколку што мислите

Работната средина ја персонализираме со нашите микроби, кои може да бидат на тастатурата, шолјата за кафе или пак чевлите

Работното место е повалкано, отколку што мислите

околку работите во канцеларија, секогаш имате желба да седите до некој колега, отколку до другите. Но, не станува збор само за личноста дали ја сакате или не, туку дека и друг одреден фактор игра улога, а тое е колку е чисто неговото работно место.

Просечното работно биро велат содржи дури 400 пати повеќе бактерии отколку тоалетната школка, што значи многу административни работници се изложени на ризик од болести, единствено поради валканото работно место.

Истражувањето на Универзитетот на Аризона, докажало дека луѓето се чест извор на бактерии и според тоа, споредбено со жените, мажите имаат три до четири пати повеќе бактерии во нив, како и на нивните бироа, телефони, компјутери, тастатури, фиоки и лични предмети. Теориите, одат до таму што ги вклучуваат мажите со поголеми работни маси, што само по себе поздразбира и поголем простор за оставање предмети, како и просекот на нискиот стандард на лична хигиена.

Микробиолозите, кога гледаат една канцеларија, согледуваат простор што се нарекува изградено опкружување. Се смета дека микрофлората на изграденото опкружување (сите бактерии, вируси, габи и други микроби кои можат да се детектираат) е далеку помалку разнообразна отколку во надворешниот свет. Исто така се смета дека таа може да биде и под силно влијание на географскиот опсег. На пример, не е возможно да се разганични микробната мешавина помеѓу две канцеларии во Сан Франциско и Њу Јорк. Бактериите во канцелариите во Тусон, Аризона се поразлични поради нивната изложеност на повисоки температури и пустинското опкружување. Она што е јасно е дека микробите во две канцеларии во два различни града се послични, отколку да речеме микробите во кујната и канцеларија во една иста зграда.

Време е да го исчистите телефонот

Луѓето се најголемиот извор на микроогранизми на работните места, голем број бактерии во канцелариите доаѓаат од луѓето. Тастаурите и глувчињата се најкористените работи во канцеларискиот живот. Не е изненадувачки но секое ставање на клучот , со себе остава и зема микроогранизми. Студиите правени врз тастатури надвор од канцелариите, откриле патогени бактерии во болниците, додека на универзитетите, тастатурите кои се користат од многу корисници имаат поголем спектар на организмни, вклучувајќи ги тука и цревните бактерии.

Повеќето документи денес се дигитални, и истите се подложни на вируси и багови. Но, сепак многумина ќе дојдат во допир со различни делови од хартија. На пример, имате состанок и фаќате прибелешки, или пак ќе го оставите нотесот на бирото на колегата или пак читате книга или весник за време на паузата. Хартијата, особено книгите во библиотеките не се чест извор на контаминација, но и покрај тоа, во Велика британија има барање да луѓето со одредена болест да не носат со себе книги додека престојуваат во болница. Исто така изненадувачко е предупредувањето од Јавното здравство на Англија дека повторната употреба на шолјите за кафе мора да бидат правилно исчистени за да се спречи ширењето на бактериите. Истражувањата покажале дека 90 % од шолјите во канцелариите се зафатени со бактерии, а дури 20 отсто од нив носат со себе фекални материи. Ако некогаш сте се запрашале дали ви треба Ваша лична шолја, ете го одговорот. Постојат сигурни докази за опстојување на микроорганизми во стационарите. Но, во Вашите канцеларии треба да се загрижите од тоа кога грицкате пенкало, а тоа истото им го позајмувате на луѓе кои не посветуваат внимание на миењето раце. Но, се разбира ниту една површина не е создадена за „растење“ на бактерии, па ако ги чуваме чисти, и тие ќе имаат одредени „чудни“ изненадувања. Исто така станува се појасно дека ние ја персонализираме нашата средина со нашите микроби, кои може да бидат на тастатурата, шолјата за кафе или пак чевлите.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет