Развојни патокази кај 3 месечно доенче

Откако ќе наполни два месеца, бебето станува поактивно, сe повеќе е будно и почнува позначајно да се интересира за околината

Развојни патокази кај 3 месечно доенче

Доенче во третиот месец во положба на стомак – ја подига главата за четириесет и пет до деведесет степени, ги подига градите и кога се потпира на раце поставени напред, поактивно ги набљудува предметите пред себе. Во положба на грб – го следи предметот кој се движи во средна линија и ги крева рацете кон предметите. Брзо свртува поглед од еден на друг предмет, си игра со тропалка. Распознава шише или дојка и реагира. Интензивно гуга и им се насмевнува на познати лица.
Ако цврсто ја држи главата, не мора повеќе да му ја придржувате кога го носите в раце. Тогаш може да го држите исправено до вашето тело, на кое се потпира со предната страна или со грбот. Последната положба му е омилена бидејќи може поубаво да го набљудува светот околу себе. Во секој случај, бебето станува неодоливо! Барем така им изгледа на „надворешните набљудувачи“.
Во први три месеци бебето расте 3,5 цм. во должина месечно, а напредува во просек 30 грама дневно. Значи едно доенче на 3 месеци е подолго за 10,5 цм. и најмалку 2500гр. потешко од родилната тежина. Но, потсетуваме, секое бебе напредува индивидуално!


Начини за СТИМУЛАЦИЈА на развојот на Вашето бебе:

- Зборувајте, смејте се, комуницирајте и играјте си со бебето,
- Поставете го на стомак или држете го во полуседечка позиција за да си игра,
- Нудете му играчки, тропалка за да посегнува по нив, мала играчка за да може да ја зграпчи со рака,
- Тресете ја тропалката во детската рака, ако тоа самото не го прави бидејќи децата учат преку практични искуства.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет