cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Развојни патокази кај 4-месечно доенче

Бебињата растат и се менуваат со молскавична брзина, а за родителите е вистинско задоволство да го следат нивниот развој. Првата насмевка, седењето без помош, првите неразбирливи „зборови“ – сите овие моменти се скапоцени за родителите...

Развојни патокази кај 4-месечно доенче

На почеток на 4 месец доенчето:

- Се смее, особено кога ќе го слушне гласот на мама и тато, започнува да испушта звуци (користејќи самогласки) и да ги имитира звуците кои вие ги правите;
- Има добра контрола на главата;
- Ги подигнува главата и рамената кога е легнато на стомак. А може и да прави мини склекови со рацете, т.е. може да го подигне горниот дел од телото со помош на рацете кога е легнато на стомак;
- Може да држи тропалка неколку секунди ако таа му е ставена во рацете и да тропа со неа. Исто така, ако има играчки кои висат над него, ги удира, ужива во игра и капење;
- Може да следи објект во движење со очите и главата;
- Ве препознава дури и ако се наоѓате на другиот крај од собата благодарение на подобрениот вид, реагира на бои и сенки;
- Ги исправува нозете и клоца додека лежи на грб или на стомак;
- Започнува да ја отвора и затвора дланката која дотогаш ја држеше во тупаница;
- Ги става рацете во устата;
- Се подобрува координацијата меѓу рацете и очите;
- Се оттурнува со нозете кога стапалата му се ставени на рамна површина.
На оваа возраст доенчето преку плач покажува болка, осаменост или нелагодност. Голем дел од нив започнуваат да спијат и по 6 часа ноќе.
Начини за СТИМУЛАЦИЈА на развојот
- Менувајте ги позициите при игра - седење, лежење на грб или стомак,
- Охрабрувајте го превртувањето со нудење играчки на спротивна страна од положбата во која е детето,
- Доведете ги двете негови раце во централна позиција на телото, дозволете му да си ги доведе рацете до устата,
- Протресете ја тропалката или звончето за да предизвикате реакција.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет