cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Развојни патокази кај 5 месечно доенче

Во петтиот месец бебето станува љубопитно за околината, внимателно следи сe што се случува околу него и се обидува активно да учествува. Тоа ќе овозможи интензивен психомоторен развој, интерес за сопственото тело, но и обиди за вртење настрана

Развојни патокази кај 5 месечно доенче

Во положба на стомак, бебето го поместува тежиштето на телото на стомакот. Ако сака да го прошири полето за играње, ги пружа лактите нанапред. Ако ја здогледа омилената играчка надвор од полето на дофат, ќе се постави во сигурна положба на стомак. Главата, градниот кош и рацете ќе ги подигне во воздух и ќе „плива“ со нозете кратко време.
Во лежечка положба, бебето зазема „седечки“ став со право тело и нозе подигнати во вис, ги допира своите колкови и ги набљудува стапалата. Така ги јакне мускулите кои се потребни за подоцна кога ќе седи, а притоа не го оптоварува ‘рбетниот столб, кој уште не е доволно стабилен за вертикално седење.

Тркалањето настрана станува сè поактивно и со цел. Бебето ги насочува раката и ногата преку средината на телото кон другата страна, во обид да се преврти.
Доенчето сè посвесно ја фаќа играчката. Ако му ја додадеме отстрана, ќе ја дофати со прстите и испружен палец, ќе ја набљудува и ја префрла од рака во рака. Ова е исклучително крупен чекор во развојот на мозокот на бебето.
Дека мозокот созреал покажува и вртењето на главата во правец на изворот на звук. Тоа мора да биде еднакво успешно од обете страни.
Освен развој на сетилата, бебето покажува и први знаци на помнење: ако со марама ја прекриеме раката во која ја држи играчка со која си играло, ќе ја извлече раката заедно со играчката.
Што се однесува до неговото здравје,
тоа многу се лигави, станува нервозно, ги става рачињата в уста, а непцата му се црвени и натечени. И покрај сите овие знаци дека запчињата наскоро ќе почнат да никнуваат, кај повеќето бебиња тоа ќе се случи по навршени шест месеци. Тешкотиите што ги имаат ублажете ги со гумени „глодалки“ кои мора да се добро измиени.
Повремено непцата на бебето може да ги премачкате со анестетски раствор за таа намена (но со внимателно следење на упатството).
Доколку Вашето петмесечно доенче не реагира на звук од една или од двете страни, или не е заинтересирано за околината, посоветувајте се со педијатар.

 

Начини за СТИМУЛАЦИЈА на развојот

- Иако многу од доенчињата од полуседечка положба се обидуваат да седнат, сè уште е рано за тоа. Но затоа, просто уживаат да ги носите со грбот свртени кон вас, придржувајќи ги меѓу нозете и под рацете бидејќи така најлесно можат да ја набљудуваат околината и да си играат со рачињата.
- Во положба на грб, забавувајте ги со ниска од ѕвечалки распната меѓу страните од креветчето, која ќе ја удираат со рачињата, врескајќи од задоволство кога ќе чујат како ѕвечка.
- Најмногу ќе се израдуваат на вашиот лик и глас, обидувајќи се да ве допрат, па и да ви ја искорнат косата.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет