Ритмичка гимнастика за правилен детски развој
Факт е дека децата кои спортуваат добиваат многу бенефиции од физичката активност. Па затоа, не треба да пронаоѓате изговори за неактивноста на вашето дете
„Во здраво тело, здрав дух” – сите сме ја слушнале оваа мудрост, а сепак често како да забораваме колку вистина се крие во неа. Придобивките од физичката активност се многубројни. Истражувањата покажуваат дека децата кои спортуваат се посилни и поздрави отколку децата кои не се вклучени редовно во физички активности. Еве само неколку од многуте придобивки од редовната физичка активност:
- здрав физички развој;
- намален ризик од прекумерна тежина;
- силни коски и мускули;
- подобрување на рамнотежата, координацијата и флексибилноста;
- подобрување на концентрацијата;
- намален стрес;
- намален ризик од депресија и анксиозност;
- поголема самодоверба и самопочит;
- можност за запознавање нови пријатели;
- чувство на припадност кон одредена група.
Она што ние го препорачуваме како активност за вашето дете е ритмичката гимнастика.
Ритмичката гимнастика е олимписки спорт кој комбинира балет, танцување и акробации. Спортистите користат експресивни движење и апарати за манипулација.
Покрај тоа е одличен начин вашето дете да остане во добра форма и одлично здравје!