cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Сакајте го Вашето бремено тело

Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очекувате од него во месеците кои доаѓаат

Сакајте го Вашето бремено тело

 

 

Растегнување

Додека стомакот расте, Вашата кожа ќе се растегне до 400%, што може да предизвика стрии. Кожата може да се растегне само до одредена мера пред колагенот и еластинот да испукаат, оставајќи трагови под површината. Стриите можете да ги избегнете со редовно влажнење на кожата така што ќе ја зголемите нејзината еластичност. Најдобар избор е масло кое лесно се впива.  Почнете со мачкање два пати дневно уште во рана бременост, посебно после туширање кога порите на кожата се отворени.

 

Убавина на телото

Темната црта, која се нарекува linea negra, може да се појави на долниот дел од стомакот околу 12. недела. Исто така, можеби ќе забележите новии влакненца на стомакот, но и тие, како и темната црта ќе исчезнат во текот на шест недели по породувањето.

Некои жени го обожуваат својот стомак, а некои пак жалат заради губењето на витката половина. Морате да се навикнете на новиот облик на своето тело. Гледајте го во огледало и концентрирајте се на неговата чудесност. Бидете горди на својот стомак.

 

Во сите облици и големини

Голем, мал, тркалезен, квадратен – стомачињата можат да бидат во секакви големини и форми. Повеќето од нив се видливи по 22. недела од бременоста. Од тогаш па натаму ќе растат по околу 2,5 cm. месечно, севкупно до 100 cm. На големината  на стомакот влијае генетиката, Вашата големина, големината на бебето и состојбата на стомачните мускули.

Ако сте загрижени заради растот на Вашиот стомак, замолете го Вашиот гнеколог за дополнителен преглед. Стомакот кој бавно расте може да биде показател за бебе кое бавно расте, а и доста голем стомак е знак за труднички дијабетес.

 

Почувствувајте поврзаност

Допирот е силен  начин преку кој ќе Ви се изменат чувствата  кон Вашето тело. Масажата на стомакот ќе ги концентрира Вашите мисли на тој дел од стомакот и ќе Ви помогне да го гледате стомакот како дом на своето бебе кој треба да го заштитувате.

 

Туширајте се наутро

Стомачето кое без престан расте, може да го направи телото тромаво и тешко, па заради тоа наутро освежете се со туширање со млака вода. Кожата во бременоста може да стане сува, па најдобро е да се туширате со топла, а не со жешка вода, која дополнително ја суши кожата и користете гел за туширање кој ја навлажнува кожата.

 

Промени кои не смеете да ги занемарите

Ако некое време не сте почувствувале бебето да се мрда, веднаш обратете се кај Вашиот гинеколог. Можеби нема доволно место за движење, но подобро е да се промери.

Болките во стомакот можат да бидат Braxton-Hicks контракции (лажни болки), но разговарајте со лекар за да ги  отстраните Вашите сомнежи.

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет