Самохран татко нацртал како изгледа неговиот живот
Секој родител барем еднаш помислил дека времето трае покусо отколку трепнување на окото. Понекогаш ви се чини дека вашето дете пораснало во секунда, а знаењето и вештините кои денес ги усвоило уште вчера се чинеле далеку со светлосни години
Токму поради тоа родителите прават фотографии за да документираат драгоцени моменти па повеќето имаат секогаш подготвена апаратура со која ќе ги уловат тие моменти.
Но, еден татко од Тајван се одлучил за малку поинаков начин на „зачувување“ на спомените и тоа се за да биде сигурен дека еден ден ќе може да се потсети на секој момент од одраснувањето на своето дете.
Уметникот Лан Шенгли веќе подолго време се бави со илустрации а откако во 2014. година се родил неговиот син одлучил да го илустрира и сопствениот живот. На крај, овој начин ги фатил сите радости, но и потешкотии со кои се среќава како самохран родител.
„Кога имате дете, многу работи се случуваат неочекувано. Но, кога почнав да ги цртам моментите кои ние двајца ги делевме, не ни помислував дека ќе добијам толку позитивни реакции“, изјавил за Bored Pandа.
Открил дека еден од неговите најголеми стравови е дека синот ќе му стане хулиган. Затоа се труди уште сега да му покаже дека е секогаш тука за него и дека се надева дека ќе го упати на вистинскиот пат.
На својата страна на Фејсбук, Лан, редовно објавува интересни илустрации, а неговата работа ја следат повеќе од 31.000 луѓе.
Во продолжение ви донесуваме некои од илустрациите: