Сауна
Посетата на сауна е пожелна во кој и да е месец од годината, може да ја користат луѓето од различна возраст дури и дедовците. Единствено сауната не е препорачлива за луѓе кои имаат проблеми со срцето.
Како и кога ќе се одлучиме да одиме во сауна пред се зависи од самите нас. Најважно е да го послушаме нашето тело да се опуштиме и уживаме.
Позитивни ефекти на сауната:
- Го отстранува физичкиот и психичкиот стрес, благотворно делува на нервниот систем
- Го подобрува крвниот притисок, и подобро ги снабдува сите органи со кислород
- Подобрување на лимфниот систем (го отстранува целулитот)
- Помага при опуштање на телото
- Превентивно делува против настинки и грип
- Ги отстранува последиците од астма, бронхитис, реума
- Ја чисти кожата
Опуштање
Во сауна одиме за да се релаксираме и секако дека ќе ги почитуваме правилата за ред. Посетителите кои во сауна гласно разговараат им сметаат на останатите посетители кои сакаат да се одморат и уживаат. Во сауна сме за да се опуштиме, смириме итн. Така на себе, а и на останатите ќе им овозможиме драгоцени моменти на уживање кога не мора да мислиме на ништо друго.
Голотија
Доколку сакаме да ги осетиме вистинските резултати на сауната(потење и чистење на телото) ќе треба да бидеме голи. Срамежливоста е целосна излишна во ова место.
Опрема
Задолжителна опрема која треба да ја имате со себе, при користење на финска сауна, е : два пешкири и два листа. На едниот лист ќе седнете, со другиот ќе се покриете. После сауната треба да се истуширате со ладна вода под туш или во базен. Да се избришете со едниот пешкир, да се замотате со другиот и да одморите на некоја лежалка.
Во турска сауна се влегува без пешкир , толку е голема влажноста што пешкирот секако би бил влажен. За хигиената ќе се погрижиме така што ќе го исплакнеме местото каде што сме седеле.
Број на повторувања на циклусот
Циклично сауната се состои од загревање, потење, плакнење и ладење. Колку циклуси ќе поминеме зависи од нашата состојба и расположение. Важно е дека меѓу секој циклус треба правилно да дишеме .
Течности
Додека сме во сауна се потиме и губиме голема количина на течност, па потоа треба да надоместиме со поголема количина вода или чај.