Секс по породување - дали некогаш ќе биде исто?
Можеби штотуку се породивте и се прашувате како по ѓаволите некогаш повторно ќе имате секс. Можеби веќе сте го минале шестнеделното чекање и сте имале секс за прв пат. И можеби не ви се чинеше исто како пред раѓањето
Без оглед на причината што сте тука, можете да прочитате за да дознаете повеќе за тоа што е нормално, за што да се грижите и како сексот всушност може да биде добар (па дури и одличен) по породувањето.
Зошто сексот е поинаков по раѓањето?
За накое парови, разликата е мала, скоро неприметлива, но тоа најчесто не е случајот.
Иако бременоста е многу природна телесна функција, таа предизвикува многу привремени промени во телото.
Привремените промени се предизвикани од хормони, тежината за време на бременоста и самиот данок што телото го плаќа за одгледување на друго човечко суштество. Може да поминат недели, месеци, една година или повеќе пред телото да заздрави целосно.
Некои од ефектите се:
- Хемороиди и типични проширени вени на нозете
- Непријатност, слабост и истегнување на мускулите
- Болка во градите и иритација
- Намалено либидо
- Сува вагина, болка или иритација
Вагинално породување
Вагината е совршено дизајнирана да создаде доволно простор за бебето без значителни долгорочни промени. Хормоните што вашето тело ги ослободува за време на породувањето и флексибилното и еластично ткиво на вагината, помагаат сето тоа да помине без сериозни оштетувања.
Царски рез
Некои луѓе претпоставуваат дека ако одберат царски рез, нема да се соочат со проблеми во нивниот сексуален живот. Сепак, царскиот рез е сериозна абдоминална операција што може многу да влијае на карличните мускули.
Дури и ако доволно сте заздравеле за да имате односи, сепак постои можност да доживеете непријатност бидејќи заздравувањето од бременоста и операцијата може да трае доста долго.
Дали доењето има влијание?
Доењето, уште еден нормален процес, исто така може да влијае врз нашите хормони. Многу жени пријавуваат намалено либидо, а некои имаат симптоми на низок естроген.
Доењето може да го потисне менструалниот циклус. За време на немањето циклус, вашиот естроген е често помал. Ова има неколку прекрасни предности, вклучително и намалување на ризикот од развој на карцином на јајници, матка и дојка.
Сепак, овој понизок естроген предизвикува вагината да биде сува, што исто така може да направи голема разлика во сексот.
Но, не е с? така црно, еден добар лубрикант е с? што е потребно за сексот да се подобри.
Што можам да направам за да го подобрам сексот побрзо?
Девет месеци бременост проследено со шест недели без секс, најчесто значи дека паровите сакаат работите да ги вратат во нормала што побрзо.
Која и да е причината што сакате побрзо да се вратите во нормала, најважното нешто што треба да го запомните е дека треба да му дозволите на вашето тело целосно да заздрави. Имањето секс прерано може само да го пролонгира процесот на заздравување.
Ако имате постојана болка, треба да одите кај специјалист за правилно решавање на ситуацијата. Игнорирањето на болката за време на сексот, со надеж дека ќе помине, не е воопшто добра идеја.