Септември
Детски песнички

Како вратар ранобуден, како вратар вреден
ги отвори ширум сите училишни врати,
на децата бодри од одмор да дојдат
порака им прати.
Како сликат талентиран, како сликар в занес
со палета нова, со различни бои,
цвеќиња и тревки, трепетливи лисје,
пак пожолте тој.
Како берач неуморен, како берач весел,
занесен во смеа непресушна, в песни,
низ градини плодни, низ лозја мине
со стапалки лесни...
Септември, септември, ти месецу убав,
од срце те сака секој од нас знај
со радост со среќа полни се во тебе,
секој ден и час...
Душко Аврамов
Со најразлични боички
лисјата ги бои,
на дрвјата златни
облеки им крои.
По градини, лозја
плодови зрее,
по ниви, ораници
лебно жито сее.
И порака праќа
до децата право:
- Првачиња среќно,
првачиња здраво!